На прво место

ПРАВДА ЗА ПРАВЕДНИТЕ, СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ ПРЕД ВЕЛИГДЕН!

slob

slobodan tomic 1Пишува: Слободан ТОМИЌ

Тој што некому неправда нанесува, е понесреќен од оној што ја трпи, вели Демокрит. Во книгата на мудростите, Соломон запишал: Лошите луѓе не ја разбираат правдата, но тие кои Го бараат Господа, разбираат!

Во престет сме на најголемиот празник над празниците, торжеството над торжествата – Велигден. Живееме во вонредна состојба на пандемија, со сите неизвесности, затоа што се’ е непредвидливо. Ни се наруши мирот, слободата, ни попушта трпението… Како православни со пост и молкум, го очекуваме воскресението Христово, воскресението на нашиот Господ Бог Исус Христ кој ги презел гревовите на луѓето врз себе, заради нашето спасение.

Дали сме се запрашале, ќе го преземе ли некој “гревот“ на праведниците за да ги спаси од страдањата во Идризово, или во КПД Штип? На тие за кои во овие тешки денови на корона вирусот затаило чувството на солидарност и праведност?

Уставобранителите кои невино лежат по затворите низ Македонија?! Тие кои ја сакаат татковината Македонија, а со драконски казни осудени со месеци неправедно лежат по затвори, затоа што му кажаа НЕ на предавничкиот и поданичкиот однос на група политиканти во Владата и Собранието?! Не е тешко да се погоди, неправедно осудените за настаните на 27 април 2017 година во Собранието.

Народот бара нивно ослободување!

Тие луѓе не се ниту терористи, не се ниту убијци, не влегоа насилно во Собранието таму друг ги пушти, демонстрираа одбрана на уставноста и законитоста во атмосфера на тензии испровоцирани од тоа што го правеа пратениците!

Чесно ли е и човечки, да седите дома со семејството, радувајќи се заедно со него на родендените и имендените, на славите, кога во затворите лежат неправдено осудени чии семејства тихуваат и тагуваат?

Денес се развиори знамето на Македонија во друштво на јарболите на останатите 29 земји членки на Алијансата. Жртвата на Македонија е недостижна од која и да е земја-сојузничка во Алијансата, бидејќи ниту една друга држава од нив не ги жртвувале името на државата и идентитетот на нацијата заради членство сојуз или меѓународна организација како Македонија!

Зарем еден Александар Јаневски Тошта, за кого јасно и гласно во пресудата стои дека е невин, затоа што спасил меѓуетнички конфликт, со раширени раце во Собранието го молел изневерениот народ на смирение, треба да лежи 13 години затвор во Идризово?

А, такви се и другите, речиси сите со иста судбина… Вилијам Михајловски е осуден на 14 години затвор, Игор Југ 12 години затвор, Јане Ченто 15 години затвор, Горанче Ангеловски 12 години затвор, Александар Василевски 8 години затвор, Младен Додевски 12 години затвор, Влатко Трајковски 15 години затвор, Оливер Поповски 13 години затвор, Оливер Радулов 10 години затвор, Душко Лазаров 15 години затвор, Мунир Пепиќ 15 години затвор, Митко Пешов 15 години затвор, Митко Чавков 18 години затвор, Никола Митревски 15 години затвор, Абдуљфета Алими 7 години затвор, Николче Димитриевски 10 години и 6 месеци затвор, Коста Делов 10 години и 6 месеци затвор, Оливер Ошаковски 10 години и 6 месеци затвор, Александар Јаневски Тошта 13 години затвор… За што? За “терористичко загрозување на уставниот поредок“!

Престедателот на Алијансата на Албанците, Зељадин Села кој беше жртва на настаните во Собранието на 27 април 2017 година, поради вонредната состојба со пандемијата од корона вирусот, солидарно, дури повика на ослободување на сите затворени. А, за него лежи невино в затвор Александар Јаневски Тошта.

За каква правна држава се залага елитата на власт, за какви хармонизации на правосудниот систем, кога не ги почитува правото и правдата, човековите слободи?!

Парадоксот да биде поголем, Македонија е единствената држава во светот во која луѓето кои пукаа врз народот и институциите во војната 2001 година, убивајќи и масакрирајќи околу сто припадници на Вооружените сили на Македонија, ексклузивно заради помирување беа амнестирани и ослободени! Не, пријатели, НЕ! Тоа не може да се случи никаде на друго место, освен во Македонија.

Еве се ближат деновите кои се викаат денови на подавање на рака кон праведниците со прошка за стореното. Дали 27 април 2017 година треба да биде најсрамниот ден во македонската историја или ден за прочистување на гревовите и правдата? Затоа и се обраќаме до престедателот на Македонија Стево Пендаровски кој се заколна дека ќе биде праведен кон сите Македонци по род и државјанство, дека ќе ги брани нивното достоинство, права и слободи!

Народот бара амнестија за праведните, слобода за праведните! Амнестијата ќе го запише Пендаровски како праведен претседател во историјата на Македонија. Народот бара час поскоро тоа да се случи!

Затоа, повторно со мудростите од книгата на Соломон: “Блазе си му на човекот кој ја нашол мудроста и на човекот кој го придобил разумот. Подобро е да се придобие таа, отколку сребро. Мудроста е поголема печалба и од златото, поскапоцена од бисерите, неспоредлива е со сето богатство на светов! Долгиот живот на мудроста е во десната рака, а во левата: богатството и честа! Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки со мир се исполнети. Таа е дрво на животот, за тие кои се придржуваат за неа, благословен е тој што ја има и на неа се повикува.“

Претседателе, амнестија за праведните, слобода за праведниците, за уставобранителите!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top