На прво место

АНГЕЛОВСКИ: ДЕГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА започна и ништо не може да го сопре процесот!

Страшо АНГЕЛОВСКИ

Текстов го пишувам како мал придонес во сфаќањето што се случуваше во минативе седумдесеттина години, што се случува денес и, што ќе мораме да сториме “ за однапред“, доколку сакаме што побезболно да излеземе од можеби најголемата економска светска криза, што после кризата со Ковид 19, не очекува. “Себично“ свртени кон сопствената држава и сопствените граѓани, надвор од глобалистичките “структурни реформи“ на кои бевме принудени.

После двете светски војни и политичката,економската и социјална пропаст во кои беше вовлечен светот, само благодарение на економските политики на славниот економист Џон Мајнард Кејнс и неговиот концепт на “Држава на благосостојба“ (Welfare state), светот се извлече од најголемата криза што до тогаш го беше зафатила човештвото. Повоено време и повоен концепт, искажан во една реченица – кејнзијанска социјална држава, реализирана преку сеопфатни мерки на социјалната политика и силен државен интервенционизам.

И, штом светот, барем оној развиениот, се извлече од кризата, некаде во осумдесеттите години од минатиот век, неолибералната агенда на “Друштвото Монт Пелерин“(Mont Pelerin Society), формирано во 1947-та, станува новото светско економско “вјерују“. Па, така, поттикнати од конкретните предлози на англосаксонските (ви делува познато?) економисти од Универзитетот во Чикаго (Chicago School of Economiscs), предводени од Милтон Фридман, тогашниот претседател на САД, Роналд Реган и тогашниот британски премиер Маргарет Тачер, го напуштаат Кејнзијанизмот и започнуваат со спроведување на радикални неолиберални реформи. Пред се, либерализација на пазарот, дерегулација, намалување на јавниот сектор и јавната потрошувачка, а од јавните расправи целосно ги исклучуваат темите околу праведната распределба и економската демократија.

Новиот светоглед извлечен од изјавата на Маргарет Тачер – “There is no such thing as society“ – не постои општество, постојат само поединци, целосно ја менува улогата на интервенционистичката држава, која, се до осумдесеттите, во западната демократија имаше влијание врз дистрибуцијата на националното богатство и контрола врз мобилноста на капиталот.

Денес, нив ги нема, а децениите на глобализација ја обезвреднија државата на благосостојба, ги обезвреднија јавните добра, а јавните и национални интереси ги направија потполно небитни, ја поништија општествената солидарност, прикажувајќи ја како смешна и заостаната, истовремено промовирајќи го “атомистичкиот“ индивидуализам, како нов начин на урбаниот “lifestyle“.

Истовремено, немајќи воопшто контрола врз мобилноста на капиталот, развиените држави се доведоа во ситуација капиталот создаван низ вековите со трудот на нивните граѓани, преку ноќ да биде преселен во, на пример, Кина, каде претставува огромна инвестиција во развојот на кинеското стопанство и речиси целосно справување со невработеноста на една држава од 1,5 милијарди жители. Притоа, капиталот кој во времето на “материјалниот“ капитализам произведуваше стоки во матичните држави, вработуваше милиони работници и, преку платените даноци ја зајакнуваше националната држава, денес ги изгуби тие свои функции. Денес, во време на неолибералниот капитализам, тој капитал не создава нови вредности во матичната држава, туку, таму некаде преку девет мориња, единствено создава нов екстракапитал за неолибералниот глобалистички милијардер.

Како резултат на тоа, меѓудругото, и пристапот до јавните добра (здравство, образование, социјална сигурност и заштита на вработените), за граѓаните на неолибералните држави станува се поограничен, а огромен дел од тие јавни добра стануваат пазарна категорија и лесен плен на неолибералната приватизација.

Еден од првите кој стана свесен за сето ова беше Доналд Трамп, кој преку мотото “Make America Great Again“ (Да ја направиме Америка повторно моќна), освојувајќи ја функцијата претседател на САД, ја поведе трговската војна со Кина, интервенционистички го заштити американското стопанство, врати дел од американскиот капитал дома со кој се отворија милиони нови работни места. Еден од првите кој го започна процесот на ДЕГЛОБАЛИЗАЦИЈА.

Во меѓувреме, и Европа, која во последнава деценија се соочува со низа безбедносни предизвици, со финансиска и стопанска криза, со невиден бран на миграција, со непрекинат бран на тероризам, со актуелнава здравствена криза и се позаострената нафтена војна на САД, Русија и Саудиска Арабија, во која не учествува, но која жестоко ќе ја почувствува, ќе мора да воведе радикални промени во начинот на јавното управување и економските политики. Според првичните податоци на ОН, кои, за жал, нема да бидат конечни,во светот се загрозени 25 милиони работни места,па,единствен излез од апокалиптичните предвидувања е итна ДЕГЛОБАЛИЗАЦИЈА и афирмација на националната држава. Да престане инсистирањето на “структурните реформи“, со кои посебно се гордееја вазалните Влади од источна и југоисточна Европа,кои всушност беа реформи насочени токму против опстанокот на националните држави и нивно “уфрлање во “потрошувачката кошничка“ на неолибералните глобалисти.

Притоа, напредните општества (во кои сакаме да се вброиме) не смеат да дозволат влијанието на финансиските пазари и лоби групите да ги заслепи пред фактот дека најважната улога што денес ја има економската политика е токму зачувување на цврсти социјални врски внатре во општеството, а кои се наоѓаат под извонреден притисок. Мора да се вратат на кејнзијанскиот модел на социјална држава со сеопфатни мерки на социјална политика и силен државен интервенционизам. Конечно да се извлечат од канџите на злосторничката неолиберална агенда, пред да биде доцна и пред народите, вклучувајќи го и нашиот, да тргне во правична, но насилна распределба на националното богатство. А тоа ќе значи немири, насилства и револуции, но овојпат, не на “жолтите елеци“, туку на “гладните усти“.

Затоа, сега, покрај низата мерки кои треба да го обезбедат опстанокот на општеството, владите, вклучително и нашата, мора да се фокусираат на најбогатите, да се обезбеди нивна солидарност со воведувањето прогресивна даночна стапка за “елитната“ група од неколку проценти од населението, таканаречени “победници“ или профитери на глобализацијата и нивните најблиски.

“Оние кои не плаќаат даноци не прават само прекршок,туку и злосторство. Немањето доволно кревети или респиратори во болниците е дел од нивното злосторство“ – вака го опиша неолибералното злосторство италијанскиот ТВ водител Фабио Фацио, а чии зборови во своето обраќање ги пренесе и папата Франциск.

ДЕГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА започна. Тоа е процес кој е незапирлив, процес кој води кон враќање на вистинските вредности, кон економски поправедна распределба на светското богатство, враќање кон кејнзијанската “Држава на благосостојба“. Процес толку нужен за излез од можеби најголемата криза во која се наоѓа човештвото.

(Авторот е претседател на МААК)

https://denesen.mk/angelovski-deglobalizacijata-zapochna-i-nishto-ne-moze-da-go-sopre-procesot/

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top