На прво место

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Владата за поголема поддршка на погодените бизниси

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Владата за поголема поддршка на погодените бизниси, актуелната помош е недоволна

Нема ниту еден субјект кој ги пофали економските мерки на владата. Пакетот мерки е недоволен и далеку од ефикасен за економијата. Ние имаме конкретни предлози кои до сега се неприфатени. Токму затоа ќе се бориме и понатаму да се издејствуваат мерки кои навистина ќе му помогнат на стопанството и ќе го заштитат на стандардот на граѓаните.

Денес ВМРО-ДПМНЕ поднесе до Владата предлог-уредба со законска сила, со цел одржување на ликвидноста на компаниите во Република Македонија преку субвенционирање.

Предмет на субвенционирањето е одржување на ликвидноста преку исплатата на бруто плата на работниците во компаниите за месеците март, април и мај 2020 година во износ од најмногу 50% од месечната бруто плата по работник.

За користење на субвенциите, компаниите треба да исполнат 2 услови, и тоа:

  1. намалувањето на вкупните приходи на компанијата во месеците март, април или мај 2020 година да изнесува повеќе од 20% во однос на вкупните просечни приходи на месечно ниво остварени во 2019 година или најмалку 10% од вработените во компанијата да отсуствуваат од работа заради прогласување на вонредната состојба и спроведување на мерките на Владата и
  2. компанијата да не исплаќа дивиденда од денот на влегувањето во сила на уредбата до денот исплатата на платата за месец јуни 2020 година.

Висината на субвенционирањето заради одржување на ликвидноста преку исплата на бруто платата на компаниите се определува на следниов начин:

  1. ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 20% до 30%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 20%,
  2. ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 30% до 40%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 30%,
  3. ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 40% до 50%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 40% и
  4. ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува над 50%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 50%.

Висината на месечната субвенција по работник може да изнесува максимум до висината на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година.

Субвенционирање не може да користат компаниите само во случај ако ја намалат платата на работникот за периодот додека се користат субвенциите, како и органите на државната и на локална власт (институции која вршат дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од државата, општините).

Владата ако му мисли добро на стопанството ќе ја прифати оваа мерка. Ова е само мал дел од она што предлагаме да се направи. Продолжуваме да се бориме за стандардот на граѓаните, затоа што ја сакаме Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top