На прво место

БАРАЊЕ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 27 АПРИЛ 2017 ГОДИНА

9m

9m

pmmСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И ГРАЃАНСКИ ФОРУМ “ГЛАСОТ НА НАРОДОТ”

2 април 2020 година, Скопје, Македонија

– По иницијатива на голем број Македонци и македонски организации во татковината и светот, Светскиот Македонски Конгрес и Граѓанскиот форум “Гласот на народот” поднесоа барање до претседателот на Републиката за помилување на осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, пред Велигден.

Во барањето се вели:

“Ваша Екселенцијо, Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, најостро ги осудија монструозните обвиненија и драконските казни на осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Врз основа на членот 11 од Законот за помилување, бараме да донесете Одлука за помилување со потполно ослободување од извршување на казната и бришење на обвинението, осудата и казната, на сите осудени од настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година:

(1) Вилијам Михајловски, осуден на 14 години затвор,

(2) Игор Југ, осуден на 12 години затвор,

(3) Јане Ченто, осуден на 15 години затвор,

(4) Горанче Ангеловски, осуден на 12 години затвор,

(5) Александар Василевски, осуден на 8 години затвор,

(6) Младен Додевски, осуден на 12 години затвор,

(7) Влатко Трајковски осуден на 15 години затвор,

(8) Оливер Поповски, осуден на 13 години затвор,

(9) Оливер Радулов, осуден на 10 години затвор,

(10) Душко Лазаров, осуден на 15 години затвор,

(11) Мунир Пепиќ, осуден на 15 години затвор,

(12) Митко Пешов, осуден на 15 години затвор,

(13) Митко Чавков, осуден на 18 години затвор,

(14) Никола Митревски, осуден на 15 години затвор,

(15) Абдуљфета Алими, осуден на 7 години затвор,

(16) Николче Димитриевски, осуден на 10 години и 6 месеци затвор,

(17) Коста Делов, осуден на 10 години и 6 месеци затвор,

(18) Оливер Ошаковски, осуден на 10 години и 6 месеци затвор, и

(19) Александар Јаневски Тошта, осуден на 13 години затвор.

Ваша Екселенцијо, мерката помилување којашто ја бараме од Вас не е грев, туку претставува национално помирување!

Не заборавајте, дека инволвираните во настаните во Собранието од 27 април 2017 година, беа испровоцирани од флагрантното кршење на Уставот и законите при изборот на претседател на Собранието и пеењето на странска химна во Собранието на Република Македонија, на годишнината од масакрот врз припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година.

Истовремено, Ве потсетуваме дека во војната 2001 година, во која од терористи на ОНА беа убиени околу сто припадници на Вооружените сили на Македонија, власта амнестира воени злосторства, чии извршители денес се во Владата и Собранието на Република Македонија, во државната администрација!

За Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, неприфатливо е пратениците кои ги отворија вратите за влез на народот во Собранието да бидат помилувани поради велепредавството што го извршија гласајќи за измена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, а останатите да бидат осудени со драконски казни за “терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Независно од разликите во квалификациите за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, и покрај осудата на секое насилство и агресија, се надеваме дека ќе донесете позитивна одлука во пресрет на големиот христијански празник – Христовото воскресение – Велигден.

Благодариме на вниманието,“ – се вели на крајот од барањето доставено во кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top