На прво место

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

13087552 10208317905078858 1093200006616896689 n

Bicikliski

Александар Бициклиски: Ручекот на Тричко во Занзибар

Случајно утрово листајќи по мрежава , ми се појави пост на Тричко насловен како појадок…
За содржината на истиот ,нема да коментирам , зошто не сум стручен во сферата на психијатријата да дадам соодветно стручно мислење, но самиот наслов ме подсети на еден РУЧЕК од пред 29 години , кој Тричко никогаш нема да го заборави .

Вистинитата приказна оди вака :
Четврти Мај е1991 година ,Градски парк Скопје ,преубав пролетен сончев ден.Пред споменикот на Гоце Делчев се одржува културно забавна програма по повод формирањето на УМС на ВМРО.
На импровизираната бина се читаат рецитали , настапува драмското аматерско студио “Оаза” со претставата “Гоце е жив”.Во публиката еден куп насменани млади луѓе , полни со ентузијазам и верба во остварувањето на сонот на своите предци.Меѓу нив скоро сите навивачки групи од Македонија со маици на кои беа нашите нацинални обележја ,сонцето од Кутлеш,Лавот и итн…..
Атмосфера преубава и свечена….

Во тој период, бевме во тотален медиумски мрак бидејќи постоеа прв и втор канал на радио телевизија Скопје и Нова Македонија и Вечер како пишани медиуми.Новинарите во истите покрај тоа што мораа да бидат членови на КПЈ -КПМ беа и редовни известувачи на Милицијата од активностите на ВМРО-ДПМНЕ која тогаш беше државен непријател број 1.

Па така другарот Тричко заедно си колегите ,Е Р и Ѕ Г , удобно се сместија во кафаната “Занзибар” одалечена на стотина метри од настанот и со полна софра јадење и алкохол ја следеа манифестацијата запишувајќи си ги во тефтерите гадотиите кои подоцна ги реферираа прво во Милиција па потоа во своите редакции…..
И можеби се ќе си завршеше тука , ако едно девојче 17 годишно , учесник на настанот со маица на која пишуваше Македонија не влезе во ресторанот и побара вода.

Тогаш големиве мажишта почнаа да дофрлаат, да пцујат и да се закануваат а другарот Тричко се дрзна и ја скина маицата на малолетната девојка…..

Не поминаа ни две минути а во “Занзибар” се деси цунами кога десетина комити влегоа внатре и го избришаа подот со дотичниве новинари /полициски доушници.
Уште ми се свежи кукањето и цвилењето на другарот Тричко и другарчињата му…..

Дојде Милиција и нормално ги приведе комитите а другарот Тричко и пајташите заминаа на боледување…
И сега гледајќи го вчера видеото , каде што оние идиотине од Штип се изживуваа со кутроно девојче, помислувам дека истите се во некоја родбинска врска со другарот Тричко со таа разлика , што тогаш тоа беше напад на малолетно девојче од возрасни луѓе кои можат татко да и бидат.

Велат како старее човек , почнува да “мекнее” да станува мудар , по мирен и слично ….Но тоа важи за нормален човек .

И затоа уште еднаш апелирам до неговите пријатели, до неговите “соборци”, наместо да го тапшате по рамо и да го величите колку е добар, соберете го ако треба и на сила и однесете го во соодветна институција каде што ќе пробаат да го излечат. Повеќе од јасно е дека човеков е непресметлив и не е свесен за своите постапки. Му правите килава услуга , во ова време невреме ќе налета на некој побудала од него и на душа ќе го носите ….

И пс : Немој сега да ме обвините , бранејќи го болесникот дека му се заканувам , баш обратно загрижен сум за него….

134567

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top