На прво место

Вистинските херои во оваа битка не се политичарите, туку сите оние кои се во првите редови во борбата против пандемијата

Janusev

Janusev

Игор Јанушев

Постои основаност за сериозна загриженост. Бројката на новозаразени расте и Владата под итно да обезбеди објекти и спортски сали кои ќе ги пренамени и приспособи за привремени болници.

Вчера, за само едно деноноќие имавме над 70 нови пациенти позитивни на тестовите, 2-ца починати. „Мантрата“ дека имаме линеарен пораст не „држи вода“, линеарно ќе беше ако дневно се констатираа по 20-на, сега бројката веќе ја надминува 70 нови заболени секој ден, тоа е пораст од 250% и е далеку од линеарно, не сум математичар, ама повеќе ми личи на експоненцијално!?

Трагедијата да биде поголема за сите нас, повеќе од 50 се здравствени работници, само завчера – 14 медицински лица од Штип и тоа од Инфективното одделение се исто така во самоизoлација, 11 во Куманово, вработена од поликлиниката Чаир е позитивна и сите нејзини колеги се во самоизолација, сите 11 вработени од Центарот за Јавно здравје во Гостивар и истиот од пред 3 дена е затворен, 3 здравствени работници во Прилеп … истовремено експертите кажуваат дека многу поголем број медицински лица се во самоизолација. Го виде и/или слушна Филипче да ја каже точната бројка?

А, Владата … неспособна каква што е … дури вчера, внимавајте, на 17-от состанок на Главниот координативен кризен штаб, посебно внимание посветила на заштитата на медицинските работници и обезбедувањето услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето со пандемијата!!!
Па, дури и едногласно донеле заклучокот дека заштитата на здравствените работници, кои деноноќно работат на заштита на нашите граѓани и се на првата линија во борбата со коронавирусот е приоритет! И не е само тоа, заклучиле и дека треба да им се препорача на сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници! Па, нели имаме доволно опрема? Нели имате протоколи? Нели капацитетите на здравствениот систем се на потребното ниво???

Додека СЗО кажува „Тестирај, Тестирај, Тестирај“ … кога имаме примери како Јужна Кореја и Јапонија… вие кажувајте примери дека „секаде е исто“, „па тоа е – пандемија е“ … вистинските херои во оваа битка не се политичарите, туку сите оние кои се во првите редови во борбата против пандемијата.

Дечки секоја чест, ја имате нашата почит.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top