На прво место

ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19, ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД

901

901

ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19,  ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

Др. Фаустман, со предлог испитувања за лупус и во Република Македонија во 2007 

Во екот на пандемијата на ковид-19, светски научници ги засилуваат своите истражувања на вакцини и лекови во забрзување на нивната примена во оваа биолошка „војна“. Еден од нив е и професорката од Харвард, Др. Денис Фаустман, позната и на дел од македонската јавност.

Во 2007 година, таа направи обид во своите испитувања да вклучи пациенти и донации од тогаш Република Македонија. За таа цел беа консултирани академик Момир Поленаковиќ, лекари од Клиниката за нефрологија на УКИМ и Благој Механџиски од Зегин. Иницијативата на Др. Фаустман беше инспирирана од нејзината пациентка со македонско потекло, Емилија Кукубајска, чие има побара да го носи и предложената фондација. За спроведување на иницијативата определи координари: за САД, проф. д-р Лилјана Стевчева, нејзина асистентка од македонско потекло, и за Македонија, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, мајка на тогаш починатата пациентката Емилија.

Во изданието од 5 април 2020, Њујорк Тајмс објави статија „Може ли една стара вакцина да го запре корона вирусот? со фотографија и изјава за весникот од познатиот имунолог, проф. Денис Фаустман. Се работи за вакцината против туберкулоза, BCG (Bacillus Calmette-Guerin), на која проф. Фаустман интензивно и долгогодишно истражува на Харвард. Во нејзината лабораторија во MGH, Општа болница во Масачусетс, Др. Фаустман врши клинички испитувања за примена на BCG вакцината против дијабетес и автоимуни заболувања како лупус, а по пандемијата укажува на нова примената на BCG вакцината – против Ковид-19.

Проф. Фаустман и неколку научниците од други земји, поаѓаат од 100 годишната примена на вакцината која спречува и ја намалува смртноста кај новороденчиња и помага во намалување на нивните респиратпорни инфекции, пишува Њујорк Тајмс. Веќе е докажано дека ТБЦ вакцината го „тренира“ и зајакнува имуниот систем да препознае и напаѓа инфекции од голем број вируси, бактерии, паразити, сепси и др. Постојат епидемиолошки податоци и за бенефитите од оваа вакцина на стотици илјади деца во 33 земји. Спрема податоци објавени во 2011 година, во Гвинеа Бисао, Западна Африка, смртноста од инфективни болести кај неухранети новороденчиња се намалила за 40 %.

Др. Фаустман веќе работи на додатни клинички испитувања на делувањето на вакцината против корона вирусот, очекувајќи додатна помош од донатори и средства од финансиски фонд од 2.2 трилиони долари наменети од претседателот Донал Трамп за потребите на американското здравство во сегашната пандемија без преседан.  

BCG вакцината настанала во 1890те години, од животинско потекло – крави, болни од туберкулоза на која млекарките постанале имуни преку близина при молзењето. По овој настан научниците  ја култивирале бактеријата повеќе од една деценија, при што ја ослабнувале до степен на применливост кај лабораториски животни, за безбедна примена и на луѓето, 1921 година. Посветувајќи се на проширување на примената на BCG вакцината, д-р Фаустман се става на листата на најамбициозни испитувачи на вакцината во нова примена – против корона вирусот. Бидејќи кај ковид-19 се откриваат брзи мутации, се зголемува и опасноста од неговата зголемена  резистенција. Затоа проф. Фаустман се залага под итно да ја доразвие оваа вакцина за која ветува резултати и примена по само 4 месеци. И други нејзини колеги низ светот веќе прават итни испитувања пред примена.

Научници од Австралија, на 6. април 2020 година веќе администрирале BCG вакцина за контролирани испитувања на илјадници медицински лица. Исти клинички испитувања се воведени и во Холандија, неколку дена пред тоа.

902

Др. Фаустман, во Харвард лабораторијата, со нејзиниот пациент Емилија Кукубајска и мајка и’ Марија, 30 дена пред смртта на Емилија од лупус нефритис компликации, 2006

903

Проф. Фаустман од Харвард универзитетот, Бостон, во нејзината лабораторија со проф. Кукубајска, УГД, Штип, 2012

Делумен извор: 

https://www.nytimes.com/2020/04/03/health/coronavirus-bcg-vaccine.html?action=click&module=Well&pgtype=Homepage&section=Health

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top