На прво место

Мицкоски: Ова што СДСМ го прави ги враќа граѓаните во времето на транзицијата во 90-тите години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вклучување на вестите на Алфа говореше за ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија поради корона вирусот.

„Денеска што ни се предлага, а требаше да биде два денари за зголемување на акцизата за безоловните горива и за дизелот сега од денеска дека всушност не два денари туку три денари требало да биде зголемен  е класичен пример кога еден мал круг на бизнисмени кои што се роднински или пријателски поврзани со партијата или семејството на власт како што е во случајот во Македонија  успеваат за себе да на грбот на граѓаните да обезбедат привилегии“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека СДСМ ова што сега го прави ги потсеќа граѓаните на  оние тажни времиња  во 90-тите години, онаа транзиција во која што голем број на наши сограѓани навистина не би сакале да се сеќаваат.

„И ова не е решение за проблемот на буџетот, ова не е решени за проблемот на македонската економија, напротив ваков тип на мерки се сосема спротивни на она што го збореше семејтвото на власта или партијата на власт во Македонија. Се сеќавате тога Зоран Заев  велеше дека нема да бараме пари внатре во Македонија, туку ќе бараме пари надвор. Сега не само што не бараме надвор, не само што не сме кадарни за обезбедиме пари надвор и не само што не сме кадарни да обезбедиме пари од внатрешната ликвидност која што сеуште е постојна во нашата држава, туку директно се удира по џебот на граѓаните. И како го правдаат тоа, тоа  го правдаат со тоа што цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи опаднала. Па добро денеска опаднала, еве денеска стигна вест која што ја пренесоа сите светски медиуми дека е постигнат договор за намалување на производството на нафтата со што автоматски ќе значи зголемување на цената на нафтата на светските берзи. Тогаш уште ќе остане ниска цената? Видете, наместо во овие тешки моменти, кога граѓаните се во самоизолација, кога се во изолација, кога важи ограничување на движењето на граѓаните, кога голем дел нашите сограѓани немаат примено плата или голем дел од нашите сограѓани имаат примено минимална плата со која што едвај од први до први ќе го скрпат месецот. Наместо да ја искористиме поволната прилика со нафтата и нафтените деривати и да апелираме до трговците да ги намалат цените, ние што правиме? Ние апелираме сосема спротивно. Значи семејството на власта, партијата на власт апелира сосема спротивно. И вели зголемете ја цената на нафтата затоа што еве таа е сега премногу ниска и ние на тој начин ќе прибереме повеќе пари во буџетот. А, од друга страна не сакаат да се откажат од би рекол непродуктивните трошоци, партиски вработувања, не сакаат да се откажат од договорните услуги, сето тоа не важи, тоа не е доведено сега во предвид, туку ајде ќе удриме најдиректно по џебот на граѓаните“, додаде Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top