На прво место

Бугарскиот јазик подваријанта на Македонскиот јазик

071

071

Денешниот ден, 5 мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик.

Познавачите на Македонскиот и Бугарскиот јазик што можат да направат стручна споредба на двата јазика сметаат дека Бугарскиот јазик е доста нерегуларен. Во споредба со Македонскиот јазик, со стручни аргументи докажуваат дека тоа се два различни јазика, а забуна прави тоа што исти зборови добиле различно значење, различно поимање на светот, различен гласовен и акцентски систем, синтакса, странските зборови чудно ги адаптираат на Бугарски, глаголскиот систем чуден, членувањето, турцизми, многу друго… .

Ова поттикнува на следното размислување (само врз основа на размислување): ако се спореди говорниот, па и пишаниот Македонски јазик на нашите Арнаути (ова не е навредливо, отсекогаш така сме ги викале), ќе може да се заклучи дека тие конструкцијата на речениците ја прават веројатно поаѓајќи од конструкцијата во нивниот јазик.

Познавачите на тој јазик од пред педесетина-седумдесетина години сметале дека е доста, ако не и многу сиромашен. Според историчарот д-р Петар Попоски Арнаутите на овие простори се донесени пред околу 250 години. Околу себе немале и немаат народи со слична култура и јазик и поради тоа и нивниот јазик до скоро беше доста сиромашен, па имаат преземано Македонски зборови – од јазик што со милениумска традиција се зацврстил врз одредени правила и норми (да не речам Европски).

Поаѓајќи од ова како основа, би можело да се заклучи дека и кога Бугарите дошле на нивните сегашни простори, дошле со нивниот сиромашен јазик и со нивните јазични конструкции. Прифаќајќи го тогашниот Македонски јазик влијаеле на него (на нивниот освоен простор) и во него внесле правила од нивниот јазик, со што како резултат се добил сегашниов или некој поранешен “Бугарски“ јазик.

Во оваа “теза“ основно е дека дојденците го презеле јазикот што веќе бил таму. За да се поткрепи оти Македонскиот бил тој што го прифаќале и го менувале, може да се појде од средниот текст на Каменот од Розета, пишуван околу 200 години пред Христа. Акад. Бошевски и Проф. Тентов изјавуваа дека тој текст бил пишан на сегашниот Македонски јазик, на сегашниот Битолски дијалект. За жал, Римјаните уништувале се’ што новоосвоените народи го имале како култура и споменици, значи и Македонските, па сега други ни’ се прават постари од нас и не “посвојуваат“.   

Ако се прифати овој пристап, тогаш може слободно да се каже дека Бугарскиот јазик е варијанта на Македоскиот, а не обратно. И Бугарите и Арнаутите со себе донесле сиромашен јазик и овде ги надградувале. За ова да се потврди, би требало нашата држава да финансира два, односно три научноистражувачки проекти:

– нашата врска со Античките Македонци и

– истражување на корените на Арнаутите, па и на Бугарите, бидејќи обата народа се дојдени од Исток.

На Гуревски несомнено како многу позитивни мораат да му се признаат активностите и резултатите на економско поле, финансиско потполе, на правно, образовно поле, но да му се забележи што иницијативата за испитување на нашите корени не ја спроведе до крај иако ја започна.

Во контекст на досега реченото, а за донекаде да се разбере настапот на Денко Малески во последниве денови, треба да се има предвид дека мајка му на Денко Малески била Бугарка. По ослободувањето на Македонија по Втората светска војна, во четириесеттите години од минатиот век тогашната Комунистичка Партија на Македонија му наложила на татко му Владо Малески да се разведе од мајка му. Тој се преженил, а Денко очигледно останал со мајка му. Можеби тука треба да се бараат причините поради кои тој има ваква ориентација и има таква изјава. Ова би требало да и’ се објасни на Македонската јавност за да се посмири и да си ја гледа Македонштината.

Поаѓајќи од погоре реченото, може да се постави и прашањето каква била улогата на Денко како прв Министер за надворешни работи на самошто осамостоена Социјалистичка Република Македонија, односно дали тој можеби и намерно не преземал доволно дејства во насока на признавање на земјата. Од тоа време има информации дека не бил доволно продорен и агилен при неговите посети на странски држави и особено на Организацијата на Обединетите Нации. Има место да се преиспитаат и неговите ставови изложувани за цело време на постоење на самостојна Република Македонија, бидејќи имало моменти кога тие ставови не биле секогаш во согласност со националните интереси на неговата, но и наша земја.

Мирко Трпески

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Најнови вести

To top