На прво место

Сведочењето на Бојан Јовановски, покажува дека Заев дебело бил заглавен во милионскиот рекет

Зоран Заев во случајот Рекет ги предупредувал осомничените дека криминалот им е откриен.

Сведочењето на првообвинетиот Бојан Јовановски, покажува дека Зоран Заев дебело бил заглавен во милионскиот рекет.

Боки 13 го кажува тоа кое што подолго време јавноста го посочуваше, дека Зоран Заев знаел за милионскиот рекет, па дури и ги известувал сега осомничените дека криминалот е откриен. Како што посочува Боки 13 на 3 април 2019 година, пред едно интервју во телевизијата 1тв, што соодветствува со емисијата Печат на неделата, кај што гостувал Заев, бил известен од  страна на тогашниот прв човек во Владата дека се откриени и веќе има оформено случај за рекетот од страна на странски обвинител.

Иако досега не е презентиран никаков записник, според признанието на Заев, случајот е пријавен дури на 22 април, односно три недели откако тој го информирал обвинетиот Бојан Јовановски дека странски служби и обвинители го имале документирано целиот криминал.

Вака изгледа на дело „Луј Витон“ правдата и отварањето на „трас-трас“ истраги. Прво ги предупредуваш своите соработници па после глумиш загриженост и наводно го пријавуваш случајот кај обвинителка која претходно кај нив нарачувала медиумски прогон.

Ова само покажува дека Заев е главата на рекетарскиот октопод, а се понатаму е само обид да се прикријат трагите кои водат до него. Затоа не е пријавен случајот веднаш кога излезе во јавноста. Затоа Бојан Јовановски е предупреден. Затоа беше оставена Катица Јанева на слобода. Затоа исчезнуваа нејзините мобилни телефони, а тој на Јовановски не е вештачен. Затоа Зоран Милески Кичеец е на слобода, а со своја паравојска си местеле избори во Охрид заедно со Заев.

Ова е вистинското лице на криминогената власт.

Три години Заев, три години хибриден режим, три години криминал.

Одговорност мора да има и ќе има.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top