На прво место

ОБИД ЗА РЕВИЗИЈА НА ДОГОВОРЕНАТА БУГАРСКО-МАКЕДОНСКА ЈАЗИЧНА КЛАУЗУЛА

9606

9606

Предвечерието на почетокот на македонските преговори за членство во ЕУ заличува на „зона на самракот на меѓународното право“ на европската периферија, во која слушаме чудни, заканувачки политички гласови, кои што, ем повикуваат на почитување на договореното, ем инсистираат на недоговореното, односно оддоговореното, а згора, упатуваат ултиматуми и закани.
Која е договорената бугарско-македонска јазична клаузула?

1. Во 1999 година, усвоена е „Заедничка декларација“, отпечатена во две оригинални копиии, секоја на официјалните јазици на двете земји, БУГАРСКИОТ јазик, согласно Уставот на Република Бугарија и МАКЕДОНСКИОТ јазик, согласно Уставот на Република Македонија, двете, подеднакво автентични!

2. Во 2017 година, потпишан е „Договорот за пријателство и добрососедство “, во две оригинални копии, секоја на официјалниот јазик на договорните страни, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, согласно Уставот на Репубилика Македонија и БУГАРСКИОТ ЈАЗИК, согласно Уставот на Република Бугарија, обата текста со подеднаква важност.

3. Еден од новите бугарски услови за потврда на македонската преговарачка рамка со ЕУ е прифаќање на ЕДНОСТРАНАТА, БУГАРСКА РЕВИЗИЈА на договорената јазична клаузула, според која, за македонскиот јазик, како официјален /службен јазик, стоеше : „МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, СОГЛАСНО УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Имено, Република Бугарија бара бришење, всушност ОБЕЗИМЕНУВАЊЕ на „МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“, како „јазик што го зборува населението на Република С****** Македонија“ и прифаќање на редуцирана и ревидирана формулација : „ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК НА РЕПУБЛИКА С****** МАКЕДОНИЈА“, во сите ЕУ документи, ставови и изјави, вклучително и во Преговарачката рамка и избегнување на интерпретацијата дека се признава постоењето на посебен, т.н „ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“!

4. Во зоната на самракот на меѓународното право, Република Бугарија, но и ЕУ, која ја ПРЕВИДЕ Хашката пресуда, па дури и замижа пред IUS COGENS, сега бараат целосна имплементација на договорите меѓу Република С****** Македонија и ЕУ членките, што ќе рече Хеленската Република/Република Грција. Но, еве што вели Преспанскиот договор за македонскиот јазик, како службен јазик, во член 1(3)(ц): „ Официјален јазик на Втората страна е МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, признат на Третата конфренција на на ООН за географски имиња, одржана во Атина во 1977 година, како што е елаборирано во член 7 (3)! Јас, се разбира, не го менувам својот став кон Преспанскиот договор и не се повикувам на него, ама Бугарија и ЕУ инсистираат на неговото спроведување.

5. Очигледно е дека Република Бугарија, ОМОЌЕНА со статусот: членка на ЕУ, арогантно западнала во себеконтрадикција! Ем е „за почитување“ на меѓународното право, ем не го признава и МУ ПРОТИВРЕЧИ!

6. На потег е ЕУ, која што ОБЗНАНИ необусловен почеток на нашите преговори за членство!

7. Проф. Џозеф Вајлер, во Предговорот на „ Уставот на Европа“ ( „Има ли новото одело свој цар“ и други есеи за европската интеграција), укажува дека, во досегашниот процес на проширување, на „кандидатите“ од Централна и Источна Европа ЕУ им додели улога на СИРОМАШЕН РОДНИНА, укажувајќи на психологијата на умот на „кандидатите“, кондензирана во прашањата: Дали ќе им се допаднам? Дали ќе бидам доволно добар кандидат? Наместо досегашната ИГРА: „молчи и слушај“, потребен е РАМНОПРАВЕН ДИЈАЛОГ меѓу членовите и кандидатите. Тој смета дека и „кандидатите“ треба да имаат можност за влијание врз европската иднина. На новопримените членови на ЕУ им замера на тивкото задоволство што ги оставиле зад себе “ ДРУГИТЕ“, комплицирајќи им го патот, наместо да им го олеснат. Интелектуалците од Истокот, смета тој, се однесуваат кон ЕУ како Европа кон САД во повоениот период, со резигнирано прифаќање на материјалната и политичка супериорност, наместо рамноправно да расправаат за ИДНИНАТА НА ЕУ. Ја критикува НОВАТА КЛАСА на „ добро платени мајстори за преуредување на Истокот, главни актери во НОВАТА ИНДУСТРИЈА на адаптирање на системот кон оној на ЕУ. Не го прифаќа ЕВРОМАНДАРИНСКИОТ ДУХ, со тврдење дека Европската унија не ја поседува ДУШАТА на Европа. „ Не рецитирајте и ОДИ на ЕУ“, вели Вајлер, пофалете го она што е за фалење, но критикувајте го она што е за критика“!

8. Посакувам балканските политичари да го сменат политичкото поведение, искрено подржувајќи ги оние со кои делеле добро и зло во историјата, докажувајќи дека Балканците се политички Европјани!

9. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК е НАЦИОНАЛНА, КОЛЕКТИВНА и ИНДИВИДУАЛНА ТАТКОВИНА на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, како што БУГАРСКИОТ ЈАЗИК е за бугарскиот, ГРЧКИОТ за Грчкиот, СРПСКИОТ за Српскиот, ХРВАТСКИОТ за хрватскиот, ЦРНОГОРСКИОТ за Црногорскиот, СЛОВЕНЕЧКИОТ за Словенечкиот, БОШЊАЧКИОТ за Бошњачкиот. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК е неразделен ЕЛЕМЕНТ од МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ и на ПРАВОТО на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top