На прво место

СВЕТОТ НЕ ИМ ПРИПАЃА НА ГЛОБАЛИСТИТЕ, ТУКУ НА ПАТРИОТИТЕ!

tomic
tomic
Пишува Слободан ТОМИЌ
Иднината не им припаѓа на глобалистите, туку на патриотите, изјави, американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање на 74. Генерално собрание на Обединетите Нации.
Ги поддржа националните држави и продолжи: “Вреди да биде заштитена културата и историјата на секоја земја која е претставувана во ова асамблеја. Ако сакате слобода, гордејте се со својата држава! Ако сакате демократија, чувајте си го суверенитетот! Ако сакате мир, сакајте си ја својата нација!”
Силни се овие пораки, секако ако доаѓаат од силни државници кои во своето политичко портфолио немат негативен балас со војни и уништување на човечкиот род.
Токму овој американски претседател, кој се бори за својот втор претседателски мандат, по неговата победа 2016 изјави, дека ниту една држава не смее да се меша во внатрешните работи на една независна држава, особено не смее да влијае во работата на владите на тие држави.
За жал, овие пораки никако да допрат до “креаторите на конфликти и хибридни власти“, како што е и Македонија, за која и Freedom Hause во извештајот за 2020 година вели, “Северна Македонија е хибриден режим во транзиција.”
Денес кога светот одбележува два празника, Ден на победата над фашизмот и Ден на обединета Европа, ние се соочуваме со непринципиелност и повампирување на идеите за големи држави.
Патем и првиот германски амбасадор во Македонија, Ханс Лотер Штефан рече, и ние Германците згрешивме со идејата за Голема Германија, денес ја плаќаме штетата и грешките од таа налудничава идеја… Но, што имаме ние денес? Некој свесно и многу смело промовира идеја за повампирување за Голема Бугарија, кога светот вели стоп на фашизмот и Европа без граници!
Вроочем, таква беше идејата и на Моне и Шуман. Тие имале јасна цел, непријателите да станат пријатели. Македонија никого нема за непријател. Напротив Македонија е земја која ги доби сите позитивни оценки на арбитражната комисија на Бадентер 1992 година за членка на ЕУ, и пред Словенија од поранешните југословенски републики.
Ден пред одбележување на обединета Европа, стигна уште еден катиљ ферман од соседна Бугарија. Тамошните академици изјавија, дека Македонскиот јазик е западно бугарски дијалект. Истовремено и поранешниот бодигард на Тодор Живков, сега премиер Бојко Борисов, рече дека неговата држава работи спред европски документи и правила и дека мора да се почитува октроираниот документ потпишан со Зоки Заев. Ако не го почитуваме тој европски документ тие ќе не блокират во сите поглавја… Ве молам, дали овој “весел” политичар од нашето соседство се запрашува, како неговата држава Бугарија стана членка на ЕУ и НАТО заедно со Романија 2005 и 2006? Кои беа присонесите на Македонија во НАТО и ЕУ наспроти Бугарија?
Ќе го спомнам тука и поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој апропо изјавата на контроверзниот Каракачанов изјави: Во Македонија начекавте село без кучиња.
Колку и да речеме дека светот станува се поголемо глобално село, никако да се стишат страстите или големите апетити на креаторите на новата геополитичка карта или да се скротат апетитите за големи држави, но и нашите источни соседи како и јужниот сосед со својот наметнат преспански документ немаат ниту М од македонизмот, и ниту Е од европеизам!
Затоа уште еднаш, упокоениот амбасадор на Германија во Македонија Ханс Лотар Штепан: “Вие ќе опстанете и без ЕУ! Но, ако се предатете и ако се откажете од името и ако им кажете на Бугарите ‘Да, вие сте Бугари’, тоа преставува анахронизам!”
– Бугарите се населиле на Балканот после вас и извршиле асимилација на дел од славомакедонците. Го прифатиле Македонскиот јазик и сега Бугарите го зборуваат вашиот Македонски јазик, а не вие нивниот. Денес нивниот јазик се нарекува бугарски јазик само затоа што нивната земја ја нарекле Бугарија, а јазикот бугарски. Сега тие сметаат дека Македонија е Бугарија. Тоа е анахронизам, тоа е игра, тоа се нивните соништа за Голема Бугарија. За жал, нема да им успее таа болна идеја и неостварен сон, – изјави Ханс Лотар Штефан.
И покрај се’ и после се’, останува пораката на американскиот претседател Доналд Трамп: “Иднината им останува на патриотите, а не на глобалистите!”
Патриоти, разбудете се!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top