На прво место

АТЕНТАТОТ НА КРАЛОТ АЛЕКСАНДАР НЕ Е НИШТО ПОСТРАШЕН ОД РАБОТИТЕ ШТО НЕГОВИТЕ ЖАНДАРМИ ГИ ПРАВАТ ВО МАКЕДОНИЈА

1891

1891АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР ВО 1935 г.: АТЕНТАТОТ НА КРАЛОТ АЛЕКСАНДАР НЕ Е НИШТО ПОСТРАШЕН ОД РАБОТИТЕ ШТО НЕГОВИТЕ ЖАНДАРМИ ГИ ПРАВАТ ВО МАКЕДОНИЈА

7 мај 2020 година
Редакцијата на МИЦ

Нашето истражување во архивот на Американската академија за политички и општествени науки деновиве вроди со еден интерес плод. Станува збор за четиво на американскиот новинар Џон Бејклес издадено во јануари 1935 година [The Annals of American Academy of Political and Social Science, Vol. 177, Radio: The Fifith Estate (Jan., 1935), pp 223-231]. Тука авторот го опишува своето искуство со припадниците на Внатрешната македонска револуционерна организација и неговата средба со раководителот на Организацијата, Ванчо Михајлов во 1929 година, и дава краток опис на бугарско-југословенската граница каде за време на неговата посета во процес била изградбата на барикадата од бодликава жица. Впечатливо е дека овој опис речиси целосно со совпаѓа со описите кои во тој период ги даваат Анри Пози („Црна рука врз Европа; Војната повторно доаѓа“) и Стојан Христов („Херои и убијци“).

– Можеби најважното што можам го да кажам е ова: Иако за вас смртта на кралот Александар можеби делува на просто убиство; и иако можеби ви делува на само ужасен и крвав злостор кој остави мало момче без татко и со кралство со кое треба да управува, сепак би сакал да не заборавите дека, колку што е ужасен овој чин, тој не е ништо пострашен од работите што жандармите на кралот Александар ги прават во Македонија изминативе десет години.
– Политичкото убиство е грозна работа, тоа е особено страшна работа во очите на Американците; но навистина е многу тешко е да се види што друго Македонците можат да сторат, освен да се откажат од слободата, од своите права, од својата земја и да станат Срби.
– Кога ќе разберете какви се условите на југословенската граница, веројатно ќе имате малку повеќе разбирање зошто се случуваат работи како атентатот во Марсеј.
– Се приближивме кон самата границата и бугарскиот офицер го испружи стпалото кон ровот, истегајќи ги прстите, и рече: „Еве сме. Погледај таму“. Погледнав на југословенска страна и во самракот здогледав, малку подолу, како се гради ограда од заплетена бодликава жица, а во земјата пред мене, дупки ископани за столбовите кои треба да ја носат оградата.
– Можеби ќе прашате зошто една влада треба да се опкружува со вакви мерки на претпазливост. Оградата од бодликава жица е изградена со цел да се отсечат Македонците во српска Македонија од Македонците во Бугарија, со цел да се прекинат сите национални врски и да се пушти постепено да израсне нова генерација на Македонци кои ги заборавиле старите обичаи, стариот јазик и старата религија, и кои станале србифицирани.
– Додека им се негираат правните средства, ВМРО инсистира дека ќе продолжи со насилството. Во неколку наврати ВМРО има издадено проглас дека доколку ѝ се дозволат легални средства за работа, таа би делувала легално. Во интерес на сите нас е поплаките на сите малцинства на Балканот да добијат фер сослушување, и да се стори нешто за правата и маките на овие луѓе.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top