На прво место

Јас него го нарекувам провинциски шутрак

175
175
Уште од првиот ден кога го избраа Заев за Претседател на СДС, а не го избраа М-р Зоран Јовановски (кој за изборот единствен си излезе со пишана програма), јас него го нарекувам „провинциски шутрак“.
Понекогаш мислам дека сум во право, но понекогаш сфаќам дека тој е тука донесен со одредена цел – да работи против Македонија. Да Те потсетам, вака беше со Стипе Месиќ – бил донесен да ја растури Југославија. Месиќ по растурањето на Југославија јавно се пофали дека успеал во тоа.
Инаку, како можеше сите Претседатели на влади и на држава од осамостојувањето на Македонија досега да не потпишат нешто што тој потпиша иако знаеше дека тоа е против секој здрав разум, против интересите на државата и народот, дека народот на референдумот не му ги прифати неговите замисли. Него и неговата партија не го избра народот на избори ами го насадија однадвор, значи со одредена цел и намера. Да не е ова така, тој пред се’ не би го правел тоа што го направи на 27 април (при што мислам на изборот на пратениците – без кворум, без гласање, без записник, што намерно предизвика револт кај насобраните граѓани; јас тоа го викам “првиот дел од 27 април). Тие се повикуваат на вториот дел од 27 април, но никако не го спомнуваат првиот дел.
Понатаму, обата договора со Грција и Бугарија се далеку од здрав разум, од памет. Да беа добри, ќе ги потпишеше и неговиот Бранко Црвенковски, како и тие пред и по него. Нормален човек не ги прави работите со пратеници кои ги натера со несфатлива сила да состават група и да потпишуваат до 80 пратеници (кворумот не е 80, ами 81 пратеник). Ако си во тек, деновиве во САД покренуваат преиспитување на пресуда со која во затвор е внесен Советникот за национална безбедност на Претседателот Трамп. Тој, иако не бил виновен, што сега се докажува, прифатил него да го пратат во затвор, а не син му бидејќи му се заканувале со син му. Слично е направено и со нашите осум пратеници. Ако се сеќаваш на една изрека на Петар Петровиќ Његош: “Коме закон лежи у топузу, трагови му смрде нечовјештвом“. Точно ова се случува и сега кај нас. Некако е можно да се помисли дека и сегашниов Претседател на државава Пендаровски е донесен за да си играаат ќошапа со него (не сум сигурен дека тој човек има свое “јас“; м ожеби и претходниот не беше многу цверст во ставовите, но не знам дали овој има свои ставови или спроведува туѓи).
Сево ова што Ти го напишав е само да ја поткрепам мојата теза дека Заев е Бугарски шпиун. И ова со Грците и ова со Бугарите, па и ова со Арнаутиве е со намера да се ослаби Македонија. Ништо помалку важно не е и економското слабеење на државава: огромни задолжувања дома и во странство и подигање на даноците на државата и воопшто, годишните износи на Буџетот, собирање на парите од побогатите општини и нивно осиромашување, зголемување на бројот на администрацијата, а на сметка на собраните пари, одлив на оооогромни суми на средства за чија намена не се знае ништо. Не знам што позитивно може да се каже за делата на шпиун. Веројатно тоа е и причината што нема никакви службени реакции од страна на државата кон тоа што и’ се прави од страна на соседите. И ова морам да Ти го напишам: не сум сигурен во интелетуалните капацитети на Заев и се’ повеќе сум убеден дека тој е само пиун што го управуваат некои од сенка.
    Интересни се некои помлади Македонци. Тие велат дека се’ што е досега направено е неправилно, назаконски, неуставно. Како да со тоа се остава можност кога тие младите ќе дојдат да ја водат државата, да можат се’ да стават на преиспитување и се’ да поништат.
Владо Павлески

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top