На прво место

Зоран Заев е во брак со рекетот и криминалот

Ниту „Рекет“ ќе постоеше без Заев, ниту Заев ќе беше толку богат и моќен без рекет

Зоран Заев е во брак со рекетот и криминалот.

Со криминал и поддршка од криминалци Заев доаѓа на власт и станува најбогат политичар.

Сега Заев ги враќа долговите кон мафијата. Го стимулира и заштитува обвинителско-медиумскиот рекет, а паралелно ги распродава националните интереси.

Зоран Заев е прва виолина во случајот „Рекет“. СДСМ очајнички се обидува да ја дефокусира јавноста од инволвираноста на Зоран Заев во случајот „Рекет“. заглавени се до гуша во криминал. Три години рекетрираа политичари, бизнисмени. Ќе одговараат сите инволвирани во криминални активности. ќе понесат и политичка и кривична одговорност за криминалот и корупцијата, за сите штети кои и ги нанесоа на македонската држава изминатите години.

Се уште нема одговор од криминално рекетарската банда на власт на чело со единствениот аболициран политичар во Европа, зошто Заев на 3 април го предупредил Боки 13 дека против него се води постапка. Се поставува прашањето зошто Заев молчел од 3 април до 22 април кога наводно го пријавил случајот кај омилената обвинителка, Вилма Русковска. Да не заборавиме дека никаде не постои записник од пријавата на Заев, нешто што е определено со закон.

Заев и натаму се заплеткува во своите лаги, а македонската јавност конечно го гледа неговото вистински лице, лицето на човекот кој го пцуе и навредува сопствениот народ, човек кој се заканува и човек кој под целосна контрола го има ставен правосудниот систем во Македонија.

Уште еднаш јавно бараме, МВР и ЈО да ги вештачат веднаш мобилните телефони на инволвираните.

Веднаш да се отвори случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело. На крајот доколку правосудните органи си ја завршат работата, целата македонска јавност ќе разбере дека Заев е нарачателот на рекетот и главата на криминалниот октопод.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top