На прво место

Заев по цена на животите на граѓаните сака да го намали поразот

Починатите и заболените не се само бројки, Заев по цена на животите на граѓаните сака да го намали поразот

Кои се луѓето кои вчера ги загубија животите во борба со корона вирусот? Чии родители, браќа, сестри, пријатели соседи се трите лица починати од Ковид-19? Како нивните семејства ја примаат оваа загуба?

Овие прашања не може да засегаат само човек што нема никакви морални принципи. Само не луѓе со сомнителен карактер ваквите трагедии не им значат ништо.

Додека Зоран Заев се однесува хазардерски со здравјето на граѓаните, сосотојбата со епидемијата од корона вирус и понатаму одзема животи.

Додека Заев планира како да си го ублажи претстојниот пораз, калкурирајќи со датуми, граѓани заболуваат.

Вчера во Македонија имаше тројца нови починати и 20 нови заразени случаи од корона вирус.

Македонија е една од земјите во регионот која најмалку ги тестира своите граѓани, па со право стравува јавноста дека бројот на заразените е далеку повисок.

Во Македонија досега се дијагностицирани 1694 лица, а 95 се веќе починати. Тоа прави Македонија да биде рекордер во регионот по смртни случаи од корона вирус на милион жители. За жал имаме најголем морталитет во регионот, поголем од Грција, Бугарија и Албанија заедно.

Тоа е резултат на исклучително лошиот менаџмент со здравствената криза во државата.

ВМРО-ДПМНЕ, експертите и јавноста апелира веќе подолго време да се изврши масовен скрининг, затоа што така ќе имаме реална епидемиолошка слика врз основа на која ќе се донесат соодветни одлуки и соодветна стратегија за борба против заболувањето. Владата со нетестирањето не само што го доведува во заблуда населението, туку го доведува во заблуда и здравството, здравствените работници и здравствениот систем.

Зоран Заев и Филипче треба да престанат со теснопартиските калкулации и целата своја енергија да ја насочат кон борба со епидемијата од корона вирус која коси во Македонија. Изборите и изборниот пораз нема да им побегнат.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top