На прво место

Прво те игнорираат, потоа ќе те исмејуваат, па те напаѓаат, следно те копираат, и на крај -победуваш

1h1

1h1Христијан Мицкоски

Во месец март кога јасно се гледаше дека стопанството ќе претрпи сериозен удар, на прес конференција предложив ослободување на стерилизирани средства во Народна банка преку благајничките записи и намалување на каматната стапка. Основна цел на овој потег е двонасочна, банките вишокот ликвидност да ја пласираат во поддршка на буџетот преку купување на државни хартии од вредност и државни записи и втората насока, директно кредитирање на стопанството.

Овој предлог го дадов затоа што тие пари се потребни за санирање на последиците од здравствената и економска криза предизвикана од корона вирусот. На прва веднаш бев одбиен и примитивно исмеван.

Тогаш Заев, Спасовски и останатите го исмеваа овој предлог и велеа дека тоа било “инженерска економија”, сакајќи да потценат, навредат. Но, денес се докажува дека таа “инженерска економска политика” е поуспешна и поефикасна во однос неговата политика насловена “евро за батето” во справувањето со последиците предизвикани од пандемијата.

Ја користам оваа прилика на одговорните од Народната банка да им честитам што веќе втор месец, практично го спроведуваат предлогот и на тој начин, најпрвин во април ослободија 8 милијарди денари, а сега во мај ослободуваат дополнителни 7 милијарди денари или вкупно на располагање се 15 милијарди денари или 250 милиони евра свеж капитал кој банките и владата може да го користат за помош на стопанството и редовно сервисирање на обврските од буџетот кон граѓаните.

На крај би сакал да го потенцирам следното, иако тие го негираа, критикуваа и исмејуваа мојот предлог, добро е што истиот со задоцнување го применуваат, затоа што граѓаните треба да имаат корист од сето ова, и затоа што уште еднаш се покажа дека сме различни со СДСМ и Зоран Заев во секој поглед. Во минатото како опозиција, во услови на криза, СДСМ ја кодошеше државата, пишуваше писма и правеше опструкции преку техничките министри во владата, а денес ВМРО-ДПМНЕ со квалитетни и добро осмислени предлози, во услови на тотално неспособна влада, на прво место ги става интересите на граѓаните и државата. Секогаш и во секоја прилика додека ја водам партијата, довербата од граѓаните нема да ја разочарам.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top