На прво место

Ајде да ѝ помогнеме на Македонија да ја победи оваа пандемија!

151

151Иницијатива на ОМД Генерација М за битката против КОВИД-19 – Можеме #ЗаедноОдДома

Генерација М, програма за млади лидери на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), со гордост ја објавува својата најнова crowdfunding кампања Можеме #ЗаедноОдДома.

“Можеме #ЗаедноОдДома” е crowdfunding иницијатива, која има за цел да ја соедини општествената поддршка во борбата на македонскотo здравство против COVID-19 вирусот. Стремиме кон поедноставување и подобрување на процесот за донации преку собирање и насочување на финансиски и материјални средства од индивидуални и деловни донатори.

Составивме листа на приоритети за собирање средства според моменталните потреби, која редовно ја ажурираме со здравствените власти и домашни добавувачи.

Опремата и помагалата од листата ги споделуваме на нашата платформа и собираме средства за нивно обезбедување. Донирај, сподели и приклучи се – Можеме #ЗаедноОдДома!

Во соработка со македонски (и локални) добавувачи и доследно на објавените цели за донации, донираните средства директно ги исполнуваат потребите на македонскиот здравствен систем. Во духот на апсолутна транспарентност, се додека е потребна граѓанска помош за институциските потреби во борбата против COVID-19, постигнатите цели ќе може да ги следите на нашата платформа.

Континуиран успех на оваа и истомисленичките кампањи би се одразил во подобрени услови и снабденост на македонското здравство, а последователно на тоа, навремено закрепнување на целиот свет.

Водејќи се по зборовите на Мајка Тереза, “Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек”, веруваме дека можеме заедно да направиме разлика, обединети во борбата против невидливиот непријател. Ви благодариме за тоа што директно и индиректно придонесувате кон зајакнувањето на здравствениот систем, и Ве молиме да помогнете во ширење на иницијативата.

Секоја донација ќе им помогне на оние кои упорно работат за да нè заштитат. Ве молиме да ја споделите пораката дека Можеме #ЗаедноОдДома да пружиме поддршка и помош.

Можете да донирате и да ѝ помогнете на Македонија да ја победи оваа криза преку овој линк: https://secure.everyaction.com/zEJGvK370EaDPjhISFvsPw2

Исто така можете да нè следите преку Инстаграм: @zaednooddoma

Ајде да ѝ помогнеме на Македонија да ја победи оваа пандемија!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top