На прво место

Виолета Ачкоска: Заедничка историја?!

1v1

1v1Виолета Ачкоска: Заедничка историја?!

Заедничка историја имаат повеќето народи во светот, оние кои со векови живееле во исти империи (старата Македонска држава, Римската империја, Источното римско царство, Османлиската империја итн.) Но, сепак, иако плаќале исти даноци и биле управувани од исти режими, секој се разликувал со својата специфичност, традиции, обичаи и токму затоа бил различно идентификуван од другиот, си имал свој поинаков идентитет. И тој различен идентитет на одреден народ кој живеел на една определена територија, зборувал свој јазик, имал заедничко минатото и колективно паметење, во ерата на брзиот индустриски развој на Европа ги создава националните држави и нациите.

Од другата страна, некогашното „заедничко“ минато им дава повод да бараат заграбување на територии, природни ресурси и културно наследство на други народи и држави. Ваквите освојувачки планови ќе дојдат до израз во втората половина на 19 и особено во 20 век.

Втората светска војна, пак, е најтрагичниот израз на една голема фикција – една држава, една идеологија и еден водач да владеат со светот.

Преголемата цена која ја плати човештвото и особено Европа, беше причина антифашизмот со децении да биде основа на европскиот идентитет. Со падот на Берлинскиот зид 1989, и антикомунизмот стана дел од таа матрица. Тоа, од своја страна, доведе до рехабилитација на многу фашистички идеолози и злосторници, кои беа прогласени за „жртви“ на комунизмот. Вечните соперници на европскиот континент, Франција и Германија, врз основа на билатерално почитување на идентитетот, јазикот и традициите, направија извесни отстапки во презентација на историјата, во името на добрососедството. Притоа, се отиде подалеку, па Денот на победата над фашизмот (9 мај) се прогласи за Ден на Европа, со што до крај се релативизираа злоделата на фашизмот. Во овие рамки беа и 7-8 годишните инсистирања на европската бирократија за склучување Договор за добрососедство на Македонија со Бугарија.

Убав европски манир, односно светкав целофан, во кој го најдовме завиткано јајцето на уште еден геноцид. Договорот за добрососедство во практиката се потпиша како Диктат за бришење на посебноста на Македонците во однос на Бугарите, а е докомплетиран со Диктатот од Елада и ферманот за двојазичноста. Без свое име, историја, јазик, нема ни посебен народ, ниту пак тој има право на своја држава.

Смрт на фашизмот-слобода на народот.

Македонија вечна!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top