На прво место

Мицкоски: Пакетот мерки на владата е наменет за септември, или се спремаат тогаш за избори или ќе кршат закон

Ако го анализираме она што денеска беше кажано од страна на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, можеме да дојдеме до заклучок дека денеска тој септември го проектираше како месец коога треба да се одржат изборите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 телевизија.

„Ако го погледате првиот столб тоа се мерки коишто практично се насочени кон различни целни групи. Имајќи го предвид фактот дека на 30 мај завршува вонредната состојба, од 31 мај па во следните 60 дена ако имаат намера како што велат да ги одржуваат изборите во месец јуни стапува на сила Членот 8 а, од Изборниот законик кога вонредни плаќања кои не се предвидени со планот, не можат да се случуваат односно во тој случај практично собираат сите вонредни плаќања или тој кој ќе стави потпис на таква одлука автоматски прави кривично дело кое што Изборниот законик го третира како поткуп.  Оттука го вадам заклучокот дека или денеска Спасовски го постави месец септември како можен месец за избори, или пак се лицемерни пред граѓаните ветуваат нешто што не можат да исполнат.“ истакна Мицкоски

Мицкоски додаде дека ако се погледне  рокот на испорачување на првиот столб од трите од првиот пакет мерки, тогаш ќе се види дека  месеците јуни и јули се опфатени, а не може тоа да се случи ако имаме избори заклучно со 60 дена од завршување на вонредната состојба.  

„Затоа велиме дека ова е ништо повеќе од обид за поткуп на граѓаните. Доколку ги погледате останатите два столба ќе видите дека периодот на реализација е септември-декември, што значи дека во моментот ниту имаат јасен план, ниту, знаат ниту имаат намера да го испорачаат ветеното. Ако го слушавте прашањето на ресорниот министер на денешната прес конференција кога зборуваше за ставката 2.2 односно гарантирањето на државата за приватните компании самата таа призна дека во овој момент реализацијата на таа мерка е невозможна бидејќи Законот за јавен долг е јасен и таму не може државата да гарантира, за правни субјекти кои што не се опфатени со јавниот долг на државата.“ потенцираше Мицкоски

Тој нагласи дека овие пари ги немаат туку, ова се пари  со кои треба да бидат задолжени нашите деца, внуци за да Зоран Заев и ова раководство на СДСМ се обиде да прави поткуп.

„Пред лидерската средба тие треба да одлучат дали датумот е септември, дали остануваат ако не биде јуни ќе биде крајот на годината  или ова е утше една во редицата лаги и измами на Заев, Спасовски и СДСМ.“ рече Мицкоски

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top