На прво место

Слободан ТОМИЌ : CORONA DANCE НА ЗАЕВ…

tomic-8

1t1

Слободан ТОМИЌ : CORONA DANCE НА ЗАЕВ…

Каде и да сте, политичарите исти се. Во Македонија и уникатни: ветуваат дека ќе изградат мост и таму каде што нема дол или река. Се разбира, демократијата е разлика во мисла. Но, политичарите зборуваат премногу, слушаат премалку, дури и не размислуваат! За жал, лошите политичари се избираат благодарение на добрите граѓани кои не гласаат.

Во политиката треба да не служи меморијата.

Да знаеме како да гласаме, кога  ни ветуваат исти фаци кои целиот мандат ништо не сториле, од тоа што ветиле на претходните избори. Кога сме кај меморијата, заборавивте на Бранко кога од говорница порачуваше дека немал време да стигне до сите жени?

Заборавате дека Зоран во прислушкуваните разговори од Александар Верушевски, вели ако не гласа народот за него маме му е..м?

Секако Зоран му прости на Верушевски јуниор, затоа што овој најави, дека уште муабети во јавноста ќе следат…

Бомби ги донесоа, бомби ќе ги однесат… Како ќe биде, ќе видиме. 

Имавме афера Големото уво, следеа бомбите против режимот на Груевски, на ред се бомбите на Верушевци. Правило се уште важи: После секоја афера со прислушкувани разговори ја пеат песната “Пада Влада“! Изборите пред нас ќе покажат за кого бијат камбаните, за кого свират гајдите. А, тајфата на Зоран народот го нарече и стока и фекалија и на крај му распали по мајка.

Е, ај сега на избори да ве видам? Вредат ли заканите: Компромис правиме до 30 мај, после се применува законот, следат изборите на 21 јуни! А, дали?

Заев заборава дека уредбите со законска сила престануваат да важат со завршувањето на вонредната состојба.

Уредбата за изборниот процес донесена од техничкиот Спасовски на 21 март, престана да важи уште на 17 април со завршувањето на првата вонредна состојба прогласена на 18 март! Затоа и заканите на Зоки до опозицијата: Или ќе се договориме до 30 мај, до крајот на третата вонредна состојба или од 1 јуни се применува законот, избори ќе има на 21 јуни!

Не случајно тоа го вели, затоа што сите знаат, Уставниот суд веќе го потврди истото, уредбите со законска сила важат само за време на вонредната состојба, после тоа престануваат да важат, не предизвикуваат правно дејство!

Невидливиот непријател Ковид 19, го клекна светот како никој досега! Зоки посакува да го чека вирусот на избори, во јуни на дваесет и први!

Човек да се смее или да плаче?

Дали Заев не’ извади од изолација со Преспанскиот договор менувајќи го државното име Македонија, или наместо морковот го добивме стапот? Останавме уште по дезориентирани! Но, Заев сега гради стратегијата против корона вирусот која ја нарече “чекич и денс“. Kако да компонира песна за фестивал, а не држава да води. 

Брзи избори за време на пандемија е еднакво на камиказа! Упатените велат, избори за време на епидемија е еднакво на убиство на сопствениот народ! 

Најголем пријател на вистината е времето, нејзиниот најголем непријател се предрасудите, а нејзин постојан придружник е смирението. Достоинството на човекот е по негов избор. Демократијата подразбира почитување на правилата, дури и кога судија во играта нема!

Но, нам ни преседна демократијата во последните три декади, затоа што прогресира само нечие богатење за сметка на сиромаштијата на народот, кому и она што го наследи од своите претци, и тоа му го одземаа.Секоја чест на исклучоци.

Ако направиме ретроспектива, се сеќавате ли што сторија и што зад себе оставија Киро, Бранко, Хари, Љупчо, Бучко, Грујо, се’ до Зоки? народот го сардисаа, во јабана го протераа,  секоја чест на исклучоци,ама за сите до Зоки, заедничкото им беше: Не го променија името на државата Македонија и идентитетот на народот Македонски!

Е, кога дојде Зоки или други го седнаа, тој си обезбеди место во историјата. Но, не кај големите имиња со големи дела, но кај славните, кои ќе се паметат по недела!

Народот тој истиот кој сега ем опсуен од Зоки, ем обезличен по секој основ вели:„Смени име на држава, идентитет на народ, прави нова политичка историја, заушки му мават од сите страни, а тој како да e неговА ја распродава нацијата како да станува збор на Кванташки за ајварот Мамас.

Зоки стана камиказа! За него еписибир, но никој не му дал право така да прави со сите во државата Македонија!“

На крајот НАРОДОТ  повторно со став:„Ќе ја преживееме и оваа катарза. Така се калеше челикот, велат приказните на народот! После се’, најверојатно е дека Corona dance со чекан враце и во железни опинци ќе заигра Заев и неговите братја, ама од Шутка до Идризово!„

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top