На прво место

Јанушев: ДИК достави мислење каде што јасно пишува дека им се потребни од 35 до 50-тина дена за спроведување на избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев гостуваше во емисијата „Детектор“ каде што посочи дека ДИК има доставено мислење дека им се потребни минимум 35 до 50-тина дена за да се подготват за избори.

„Мислењето на ДИК не е е мислење на еден човек таму кој што можеби или можеби не инклинира или симпатизира одредена партија. Ова мислење не е мислење направено од еден човек, ова мислење врз основа на сите членови на ДИК кој што го имаа состанокот со претседателот Пендаровски. Впрочем и самово  мислење почнува вака – „Согласно заклучокот од нашиот заеднички состанок одржан на 13-ти мај 2020 година, а за потребите на организирање и спроведување..“ продолжува натака, а адресирано е до претседателот на државата, појасни Јанушев“.

Јанушев додаде дека сите од ДИК без разлика кој од која партија е предложен биле кај претседателот на државата, разговарале и заклучиле дека им се потребни 35 до 50-ти дена за да се подготват за избори.

„Ме радува што од СДСМ се вразумуваат и ги прифатија нашите барања дека со глава во ѕид, со уцени, со поставување на ултиматуми не се постигнува ништо и навистина ми е драго што ретерираат од првичните ставови бидејќи од првиот момент кога заврши лидерската средба она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го соопштивме на јавноста беше дека очекуваме дека сепак ќе се најде начин да се седне и консензуално да се договори датумот за кога ќе се оддржат изборите, потенцираше  Јанушев, во своето гостување.

Јанушев запрашан дали очекува Комисијата за заразни билесто  да даде појасен став  кога може да биде безбедно да се одржат изборите  рече:

„Јас очекувам Комисијата за заразни болести конечно да даде некој став во однос  на ова прашање и ова го велам ете затоа што еве може ќе ме обвините дека и премногу сакам политички да го кажам ова, но искрено не е така. Не е така затоа што од една страна Комисијата  не уверува на некој начин дека е добро да одиме на избори, од друга страна после првата лидерска средба препорача нова вонредна состојба.

Eве гледаме дека предлогот за 3-4 дена затварање за викендов е дојдено од страна на Комисијата. Од друга страна еве ќе кажам што Комисијата прати во она мислење до Пендаровски: Прво наведува дека ги гледаме добрите ефекти од силните рестрективни мерки. Јас  навистина не знам каде ги гледаат ефектите кога секојдневно имаме или некоја констатнта на бројот на заболени или благо зголемување. Понатау се вели дека се наоѓаме во последните недели од вообичаено траење на респираторните епидемии и еве ова го прифаќам најверојатно е така и кажуваат дека сме во фаза каде не работат школи и градинки. Тоа значи дека пред нас е период  во кој треба да научиме да живееме со вирусот“.

ВМРО-ДПМН

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top