На прво место

НЕКОЛКУ РАБОТИ ШТО, МОЖЕБИ, НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ, А БИ ТРЕБАЛО ДА ГИ ЗНААТ СИТЕ МАКЕДОНЦИ

1e2

1e2Во чест на светите браќа Кирил и Методиј

1. Старословенскиот јазик е првиот писмен литературен јазик за сите Словени на кој солуњаните Кирил и Методиј ги превеле од грчки првите црковни книги.

2. Првото писмо на кој е запишан старословенскиот јазик е глаголицата, што претставува авторско дело на Св. Кирил (световно име Константин).

3. Во основата на старословенскиот јазик се наоѓаат МАКЕДОНСКИТЕ говори од три села во околината на Солун: Сухо, Висока и Зарова. Ова го откриле Словенецот Ватрослав Облак и неговиот учител Хрватот Ватрослав Јагиќ (кон крајот на 19 и почетокот на 20 век) со што ја поставиле основата на МАКЕДОНСКАТА ТЕОРИЈА за основата на старословенскиот јазик, којашто е општо прифатена во целиот славистички научен свет. Од теренските истражувања во околината на Солун, Ватрослав Облак ја издава книгата „Македонски студии“.

4. Називот СТАРОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИК, e општо прифатен од целиот словенски и славистички свет, освен од Бугарите кој старословенскиот го нарекуваат старобугарски. Првиот период од развојот на старословенскиот јазик (9 – 11 век) во науката се нарекува канонски период (тоа значи дека во овој период Словените многу доследно се држеле до поставените основи на јазикот на Кирил и Методиј), по што, откај 12 в., настапува т.н. црковнословенски период во кој се јавуваат варијантите (редакциите) на црковнословенскиот кај одделните словенски народи: македонска, бугарска, српска, чешка, руска итн. Познатиот француски лингвист Андре Вајан „во книгата „Manuel du vieux slave“, ги употребува термините старомакедонски и старобугарски за да ја означи разликата во јазикот на најстарата словенска писменост во Македонија и во Бугарија. „Разликите меѓу старомакедонскиот и старобугарскиот се лежерни, но пак осетни; тие се јавуваат особено во речникот, но исто така и во граматиката. Тие се покажуваат во случаите кога имаме исти текст во двете верзии: Евангелието и Евангелистарот на Сава, хомелијата од Епифана дадена во Клоцовиот и во Супрасалскиот зборник.“ (Види: Блаже Конески: Граматика на македонскиот јазик, Детска радост, Скопје, 1999, стр. 13)

5. Старословенскиот јазик бил создаден со цел ширење на христијанството на словенски јазик. Моравскиот кнез Ростислав му упатил молба на византискиот цар Михаил III со барање да му испрати мисионери кои ќе го шират христијанството на словенски јазик.

6. Папата Адријан II во Рим ги посветил црковните книги на Кирил и Методиј, со што старословенскиот јазик се вброил меѓу светите јазици на кои дотогаш се ширело христијанството: хебрејскиот, грчкиот и латинскиот.

7. По смртта на Методија, учениците на Кирил и Методиј биле прогнати од Моравија од германскиот и латинскиот свештенички клер. Еден дел од учениците преку Венеција тргнале и го населеле јадранскиот брег на потегот од Далмација до Истра, каде што глаголицата била во употреба докај 16 век. Во Хрватска глаголицата е аглеста поради аглестиот карактер на глаголските букви. Друг дел од од учениците, меѓу кои биле Климент и Наум преку Белград стасале во Плиска кај бугарскиот кнез Борис.
Во Плиска, под влијание на Византијците, наголемо се заговарало ревизија на преводите на црковните книги од страна на Кирил и Методиј, како и замена на глаголицата со кирилица, затоа што наводно глаголицата според нив „не била удобна за пишување“. За да се спроведат овие „нешта“ оваа задача му била понудена на најдаровитиот ученик на Кирил и Методиј – Климент, кој како голем почитувач на делото на своите првоучители – го одбил Бориса. „Најревносниот за Кириловото глаголичко писмо и дело, св. Климент, сигурно му се спротивставил и порано на кнезот Борис, заради што бил отстранет од престолнината. Со оглед на сето тоа, тешко може да се допушти дека меѓу него и кнезот Борис спонтано дошло до некаков доброволен договор и однапред обмислен план за негово „испраќање“ во Македонија. Но Борис, како опитен и далековид дипломат, не го отфрлил Климента, а му дал услови за работа, само во зафрлен, провинциски крај, далеку од престолнината. (Види кај: Петар Хр. Илиевски: Појава и развој на писмото – со посебен осврт кон почетоците на словенската писменост, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2001, стр. 250).

8. На голем народен собор во 893 година, 30 години по почетокот на Моравската мисија во 863 година, во Бугарија е направена промената на глаголските букви со кирилиски.

9. Како „прогонети“ Климент и Наум во Охрид ја продолжуваат дејноста на своите првоучители на ГЛАГОЛИЦА (обла поради облестиот изглед на глаголските букви) која на македонска почва живее до крајот на 11 и почетокот на 12 век.

10. Најстарите глаголски евангелија Маринско, Зографско и Асеманово потекнуваат од Охридскиот книжевен центар, чиј основач е Климент Охридски.

1e5Елка Јачева-Улчар

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top