На прво место

Јанушев: Нека одговори Заев или нека покаже каде прочитал дека СЗО вели дека новиот бран на корона ќе биде август или септември?

Нека одговори Заев или нека покаже каде прочитал дека СЗО вели дека новиот бран на корона ќе биде август или септември?

За две недели 335 заболени, пред две недели активни случаи 373, денес 447 или околу 20% повеќе. И велат ситуацијата е под контрола?!

Едно е што мисли власта, а друго е што говорат бројките. Ние немаме успешно справување со кризата кога сме рекордери во регионот по починати лица на милион жители.

Додека Заев упорно нѐ убедува како изборите во јуни ќе бидат безбедни, без притоа да одговори како ќе успеат да гласаат граѓаните на своите избирачки места, Венко повикува народот да не ги прекршува мерките бидејќи здравствените работници не можат сами.

И да, Венко барем еднаш е во право, здравствените работници не можат сами, затоа што владата не го сфати сериозно ризикот, додека целиот свет апелираше, а Венко не обезбеди навремено опрема за заштита на истите. Но, затоа Венко обезбеди
две лиценци за одгледување марихуана на фирми во кои менаџмент и сопственици се синот на осуденикот за шверц и другар на Заеви при прогласена вонредна состојба во Република Македонија.

За Заев и СДСМ воопшто не е приоритет здравјето на граѓаните, туку приоритет се фотељите и сопствената кожа.

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-neka-odgovori-zaev-ili-neka-pokaze-kade-prochital-deka-szo-veli-deka-noviot-bran-na-korona-kje-bide-avgust-ili-septemvri/

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top