На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИЈА ЈА ПОБЕДИЈА СОФИЈА ВО СТРАЗБУР!

Со пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците од Бугарија издвојуваа голема победа против бугарската држава во спорот кој пред Судот во Стразбур се води од 2013 година.

Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот на отпочнување преговори на Македонија за членство во ЕУ.

За што станува збор?

„Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “, здружение со седиште во Благоевград, Бугарија и претседателот на нејзиниот одбор г-дин Ангел Кирилов Радонов, а Државјанин на Бугарија („апликантите“), на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку Адвокат Менкиноски Тони поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од ипричина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските.

„Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “,е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на Македонците како посебна етничка група во Р. Бугарија
Европскиот суд за човекови права во Стразбур денес ја осуди Бугарија, носејќи пресуда со која утврди дека е повредено правото на здружување по член 11 од Европскат конвенција за човекови права на Македонците во Бугарија .
Сега, Бугарија е задолжена согласно оваа пресуда да го регистрира „Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “ и да им исплати оштета од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци .

Со оваа голема победа во Стразбур, Македонците од Бугарија многу и помагаат на Македонија да се справи со политичките условувања од официјална Софија. Со оваа пресуда, сега во Бугарија ке има здружение на Македонци во услови кога официјална Софија сака да биде укинато постоењето на македонски јазик.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top