На прво место

Бобан Нонковиќ: БАНДАТА НА СДС УКРАДЕ 44 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗДАДЕНАТА ЕВРООБВРЗНИЦА

1bb1

1bb1Бобан Нонковиќ

Дека Зоран Заев и неговата бандитска тајфа од криминалното дувло наречено СДС се кинисани да ја распарчуваат Македонштината и сѐ што е (пре)останато македонско е одамна јасно. Но, нивна цел е сега последниот столб на кој сѐ уште опстојува македонската држава, а тоа е економијата и кога ќе успејат да доразграбат и она што со заеми е останато во државната каса, потоа лесно да може било-кој да го згасне светлото на македонската држава.

Па, така, деновиве е актуелна државната еврообврзница од 700 милиони евра на Заев и неговите разбојници, на која оваа разбојничка банда, според информациите од лонфонски “Сити”, успеале да направат аванта од 44 милиони евра!

Според инсајдер од берзата во Лондон, обврзниците во моментов се тргуваат на 3.05 проценти камата, додека на денот на продажба на македонската обврзница, каматата била 2.9 отсто. Тоа значи дека Заев и неговата министерка за финансии Нина Групер, преплатиле 1.05 проценти повеќе камата од реалниот пазар.
Преведено во пари, точно 44,1 милиони евра повеќе ги чинела оваа еврообврзница македонските граѓани, пари кои е јасно дека завршиле како “рушвет” и добредојден кеш за кланот Заеви и криминално-предавничкото дувло СДС во предизборниот период во Македонија.

Според објавата на македонската окупаторска власт, каматата на еврообврзницата била 3.675 проценти на 700-те милиони евра или скоро 155 милиони евра плус на основната сума што во рок од седум години ќе треба да ги враќаат македонските граѓани. Тоа значи дека при самото издавање на еврообврзбицата, каматата не би требало да биде не повеќе од 3.685 отсто.
Но, банките имаат направено сериозен “престап” во процедурата, поготово што дента кога ја објавиле, тие немале купец за обврзницата на 3.64 проценти камата. Па, наместо истата да ја објават следниот ден повторно, тие ја прифатиле единствената понуда за камата од 3.95 отсто.
Оваа хаварија е настаната, меѓудругото и заради тоа што материјалот користен за промоција на обврзницата бил на ниво на афричките држави.

Според експертите од лондонската берза, во однос на македонската обврзница од 700 милиони евра, се работело или за краен аматеризам на министерката за финансии и ангажираните брокери или за договорена берзанска игра во која сите инволвирани страни намерно договориле штета од 44 милиони евра (во разликата на каматата), сума што од џебот на македонските граѓани заминува кај Заев/СДС и брокерите што им ја завршиле работата.

Штетата е реална и изнесува 44 милиони евра и за тоа треба некој да одговара, поготово што информациите и експертизите од “Сити Лондон” стојат на располагање на некои идни власти што би покренале истрага за оваа нова пљачка на народните пари на македонските граѓани.

Според инсајдерите од лондонската берза, дури и обичен почетник за берзанска трговија само треба да извади билтен од денот на самата трговија со еврообврзницата од Македонија, посебно што не е познат пример за толкава голелма разлика во цената од точно 1.05 проценти!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top