На прво место

Од моментот кога Заев и Караџовски прогласија победа над короната бројот на заразени се триплираше

1Hri

1Hri

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде што посочи дека има доста поважни теми од циркусот што го приредија послушниците на Зоран Заев. Мицкоски потсети дека за жал денеска има 120 заболени од Ковид-19. 

„Логично е да дојде до олабавување на мерките кога видовме некое мини славење во Владата, бидејќи како што рекоа е ставен крај на епидемијата, дека ситуацијата се подобрува. Всушност сите држави така постапуваа кога дојдоа до крај на пандемијата што е нели логично, само разликата е што кај нив навистина има крај на епидемијата со корона вирусот, но не и кај нас“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21, „Но, што се случува кај нас има зголемување на број на новоинфицирани, а никој не сносни одговорност.

Ние цениме дека некој треба да сноси одговорност бидејќи од денот кога се прогласи победа кај нас не само што не се намали кривата, туку таа се исправи и соборуваме рекорди. Многу лоша и алармантна е ситуација. Никој ама баш никој не сноси одговорност денес.

Било кој граѓанин денес да го прашате која мерка ќе ви каже карантин. Таква одлука донесе и Комисјата за зарзни болести составена од директори на клиники и еден кандидат за пратеник исто директор на клиника, и Караџовски кој покажа повеќе политички способности отколку здравствени“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека бројката на новозаразени се триплираше или четририкратно се зголеми.
„И по ова или за ова никој не сносни одговорност. Има луѓе во фелата експерти, епидемиолози, инфектолози кои се натпартиски и логично е ако оваа Комисија не успеа, да се работи во друга насока“, посочи Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top