На прво место

Најопасниот кластер СДСМ ќе се спаси и себе и граѓаните ако се посвети на здравјето, а не на спасувањето на богатството Заеви

2a

2a

Реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Наместо со дефокус на јавноста СДСМ да се зафати со работа и да ја реши здравствената и економска криза.

Неспособната власт на СДСМ на секој можен начин се обидува со лаги манипулации и дефокус да го оттргне вниманието на јавноста од капитулацијата со корона пандемијата.

Лажните вести, местенките и постојаното следење на опозицијата од параполициски структури на СДСМ нема да ги спаси од судот на народот.

СДСМ се обиде да владее со страв, но тие се прочитани и најголемата казна им следува токму од народот.

Кога Костадин Костадинов следен пат ќе зборува за режим нека ги прочита извештаите на „Форбс“. Македонија ја нема на листата на „Форбс“ на сто најбезбедни земји во борба против корона вирусот.

Кога Костадин Костадинов следен пат ќе зборува за притисоци кон медиуми нека одговори колку работи „Црвениот телефон“ за притисоци врз директори и уредници.

Следен пат Костадинов нека ги провери официјалните извештаи каде што секаде сме на дното на листите. Со СДСМ и Зоран Заев на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.

Костадин Костадинов и СДСМ кластерот во време на светска пандемија вршат поткуп и ја шират заразата помеѓу граѓаните.

Наместо лаги и манипулации СДСМ да се зафати со работа и да се справи со здравствената и економска криза.Додека Филипче манипулираа со бројките и тестовите, власта носи небулозни мерки кои имаат контра ефект и кои самата не ги почитува.

Шилегов и Шекеринска во ек на корона криза правеа забава во Маврово откако ги затворија Скопјани во карантин.

Буџетот е празен, мерките за поддршка на бизнис секторот и стопанството закаснети и ненавремени, а власта на Заев си дели милиони евра на свои невладини организации во време на корона криза.

СДСМ не се грижи за граѓаните, власта и функционерите на Заев единствено се грижат за сопствените зделки и бизнис интереси на кланот Заеви.

Граѓаните ќе ја казнат СДСМ за неспособноста, ароганцијата како и за огромниот криминал и корупција.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top