На прво место

Песочниот часовник на трпението кај македонските граѓани истече!

Рашела Мизрахи
Еден од мудреците на античката филозофска мисла ќе запише: „Во животот сум посведочил навистина многу предавства но, секогаш одново се изненадувам од тоа, колку човек може да паѓа се пониско и пониско”.

Овој цитат на најдобар можен начин го опишува општествено – политичкиот момент што изморената, опљачканата и понижената Македонија го преживува денес. Безуспешната фарса од „борба” на власта со КОВИД-19 во која Македонија секојдневно ги брои мртвите и новозаразените, е врвот на најбезочниот акт на предавство што една квази влада може да им го приреди на своите граѓани.

Предадени, оставени на цедило, без реален концепт и стихијно донесени (најчесто погрешни) одлуки, македонските граѓани со своите животи ја плаќаат цената за неспособноста на современите домашни квислинзи Заев, Спасовски, Шеќеринска и секако Министерот за несправување со здравствената криза Венко Филипче кој поради својата арогантност и измеќарска желба да му се додвори на својот ментор Заев, од Македонија направи масовна гробница на Балканот.

Ако до сега Европа скришно ни се смееше поради распродавањето на националното достоинство и самообезличување, сега јавно и транспарентно не жали поради незапаметената некадарност на владата во справувањето со пандемијата! И додека граѓаните ги полнат гробиштата кои згора на се’ се заклучуваат на Задушница, измеќарските невладини организации за кои Заев тврди дека се негови, во време на полициски час ветуваат ваучери и делат пакети со храна за душа на страдалницата Македонија!

Најважно е дека карантинот не важи за Шеќеринска и Шилегов кои уживаат во дебелата пролетна свежина на Маврово, генсекот на СДС не поздравува од боровата шума на Берово, а Филипче го порачува новиот контингент лубриканти за кои сите заедно ќе платиме нови стотици илјади долари.

Мизеријата да биде поголема, додека Македонија пишти од несогледливите последици од лошите потези на власта под налетот на вирусот што не стивнува, Заев повикува на сплотеност?! Оној што претставува основа на разединетоста и разнебитувањето и е директно одговорен за стотици изгубени животи, повикува на сплотеност?!

Нема сплотување со неспособноста, безобразието и дезинтеграцијата на општеството! Сплотеноста е единствено можна околу согласноста за ургентна потреба од одговорност и изведување пред лицето на правдата! Тоа е единствената можна разврска од тригодишниот пекол во кој не втурна недоветното владеење на Заев и неспособниот кластер на власт.

Песочниот часовник на трпението кај Македонските граѓани истече! Правдата доаѓа!

Казната следува! Тоа е единственото што одроденото и неспособно раководство на СДС, денес го заслужува!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top