На прво место

Драга Кате, Ти си одбрана да бидеш НАРОДЕН ХЕРОЈ на Република Македонија

1kk1

1kk1

Драга Кате, (Академик Катица Ќулафкова)Ти си одбрана да бидеш НАРОДЕН ХЕРОЈ на Република Македонија.

Еве откаде ова: на 10.6.2020 година, на Телевизија Алфа ја гледав емисијата “Заспиј ако можеш“ и таму чув дека против Тебе била покрената тужба заради некакво користење на говор на омраза. Е, па, овие од оваа “власт“ (в со мала буква) бираат големи личности што значат доста или многу и на нив се нафрлаат. Значи, не бираат “ситни риби“. Оцениле дека нападот на нив може да привлече поголемо внимание. А нив точно тоа им треба – поголемо внимание. Тоа им треба за да ја замајуваат јавноста заради затскривање на ооооогромните кражби на народни пари вредни милијарди долари.

Да не се чудиш како можам да се осмелам па да се сметам за квалификуван и за “дебели“ финансии. Имај на ум дека во 1997 година од претставник на Американската Влада ми е предложено да водам проект за развој на финансиски систем за сите земји од Источна Европа што во тоа време или малку порано излегуваа од социјалистичкиот систем. Ова можам да го докажам. Поради внатрешни, Македонски причини, тоа не се оствари. Покрај тоа мооогу добро ми се познати методите на кражба на социјалдемократите и за тоа можат да се пишуваат долги текстови.   

Меѓу другото, откако се насадени на власт (не ја добија од народот!) само тоа го прават-го одвлекуваат вниманието на јавноста со исфабрикувани, непостоечки случаи, со добро смислени лаги и обвинување на чесни луѓе, на докажани патриоти, луѓе што значат во општеството или луѓе кои тие ги имаат направено значајни поради тоа што тие така оцениле. Дали треба да наведувам? Еве неколку примери: настаните од првиот и вториот дел од 27. април, покренатите обвинувања за тие настани, работата на Специлајното јавно обвинителство, понижувањата со идентитетските и оттаму јазичните прашања, полнењето на “невладините“ организации со нивни луѓе (вклучувајќи го и Хелшиншкиот комитет за човекови права) кои, еве, и судски постапки покренувале – за чесни луѓе …

Интересен е пристапот на младите луѓе во земјава: некои од нив сметаат дека се’ што овие имаат преземено е нелегално, незаконски, неуставно. Како да некој сево ова го правел така – незаконски, нелегално, неуставно, за да можат тие, младите кога ќе дојдат вистински да ја преземат власта, да можат сето тоа да го поништат по легален пат и да воспостават вистинско право и правдина. А таквите што на “овие“ им служеле за замајување на јавноста, да ги означат како НАРОДНИ ХЕРОИ, какви што и навистина биле и се. Затоа, треба да се радуваш затоа што си “одбрана“, а не да се јадосуваш. Покрај тоа, “луѓе“ што, како што имаш обичај да велиш, имаат вокабулар од 300 збора, си даваат некаква своја вредност на тој начин што ќе нападнат ЕМИНЕНТЕН АКАДЕМИК (нешто нечуено во нормален свет!!!), кој, освен тоа, не е ВЛАВ.   

Доста е олку. Твоето време е скапоцено.

Мирко Трпески

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top