На прво место

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да е, но нема да газиме по мртви

2a

2a

Додека се губат животи, паметот на Заев му е во избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да е, но нема да газиме по мртви

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Зоран Заев во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21

Зоран Заев е најголема несреќа на македонскиот народ.

Додека десетици семејства губат животи на своите најблиски паметот на Заев му е датуми за избори.

Зоран Заев вечерва призна дека диктира какви одлуки да носи Караџоски и целата Комисија. Тој директно потврди дека и Комисијата е партизирана и извршувала партиски диктати. Па така партизираната Комисија која требаше да го заштити здравјето на граѓаните се претвори во џелат.
Македонија има повеќе мртви на милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно. Имаме повеќе заразени од сите земји во опкружувањето, а Заев вели дека Караџоски добро се справува со 3000 заразени.

Самиот факт што Зоран Заев вели дека вонредната состојба може да ја моделира тој говори колку е заробена државата и институциите.

ВМРО-ДПМНЕ и најостро ги демантира лагите на Заев дека 8 јули е преговаран датум. Тоа е предлог на СДСМ кој од ВМРО-ДПМНЕ не е прифатен.

Дополнително Заев лаже кога вели дека ќе има целосна мисија на ОБСЕ и ОДИХР, тоа е лажна приказна на Заев, затоа што сака избори без набљудувачи.
Доколку Заев сака некој да му верува, нека покаже јавно каде ОБСЕ се има изјаснето дека ќе испрати целосна мисија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, но нема да гази по мртви луѓе. Животот на граѓаните нема цена.
СДСМ ќе изгуби. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да е. По поразот ќе следи одговорност за сите криминали, корупција и штети што и ги нанесе на Македонија. Тоа е причината зошто Заев бега и постојано ретерира.

СДСМ полека станува минато. Со СДСМ Македонија оди само назад.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top