На прво место

Лажната нормалност на Заев

2a

2a

Лажната нормалност на Заев за 10 дена донесе 1316 новозаразени и 36 починати, а тој зборува за избори на 5-ти јули

Што е ненормално, доколку десетици починати и стотици заразени е секојдневниот биланс за кој Заев не убедува дека е нормален?

Колкумина треба да се заразат и починат за Заев и СДСМ да признаат дека се неспособни и дека ова што ни се случува е катастрофа?

Зоран Заев и СДСМ наместо за здравјето и животите на граѓаните се водат само од партискиот интерес и желбата да го ублажат изборниот пораз со избори на 5-ти јули.

Во последното деноноќие во Македонија има 175 нови заразени и 5 починати, а СДСМ и Заев продолжуваат да зборуваат за итни избори. За само 10 дена има 1316 нови заразени и 36 починати, а Заев и СДСМ уште калкулираат како да се спаси неговата политичка кариера. Ова е спротивно на секоја логика.

Македонија станува балканска Ломбардија со рекорден број заразени и починати на еден милион жители. Македонија поради политикантството на Заев е земја која најлошо се справува со корона епидемијата во Европа. Заев прогласува нова лажна нормалност која граѓаните скапо ја плаќаат. Во услови кога СДСМ беше корона кластер со заболени и самоизолирани функционери тој водеше кампањи и средби со граѓани и на тој начин во опасност ги ставија стотици граѓани и семејства.
Тоа јасно покажува дека власта на Заев е неодговорна и неспособна.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ.

Ние сметаме дека сега врвен приоритет е животот и здравјето на граѓаните. Откако Македонија ќе се справи со епидемијата со корона вирус, народот ќе го порази и тригодишниот хибриден режим на Заев кој донесе криминал, корупција и сиромаштија за народот.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top