На прво место

Што е навистина патриотизам?

Патриотизмот ги бара и ги препознава како свои чеда зрелите, моралните и мисловно силните личности

ПАТРИОТИЗМОТ, тоа ви е едно од својствата на љубовта – затоа и тешко се разбира и уште потешко се остварува во пракса! Но без него ни нашиот помал дом (семејството) ни нашиот поголем дом (народот / државата) ќе немаат ниту темел, ниту заштита, ниту смисла, ниту вредност, ниту оргиналност, ниту препознатливост, ниту извесност, ниту спокој, ниту напредок, ниту РАДОСТ, ниту СИЛА, ниту ЖИВОТ!

ПАТРИОТИЗМОТ или родољубието, домољубието е едно од својствата на љубовта – затоа што ПАТРИОТИЗМОТ е грижа и заштита и помош и разбирање и поткрепа на оние околу тебе што ти се блиски по крв, по јазик, по вера, по порив заедничкиот ДОМ (народот / државата) да напредува за добро и радост на сите кои се ВО НЕГО, но и на оние кои се надвор од него!

ПАТРИОТИЗМОТ, како својство на љубовта тој е морална вредност! Затоа, ПАТРИОТОТ не смее да биде лажлив манипулатор или крадлива ситна душа! Тој не смее во името на највисоките вредности на народот – ДА ГО УНИШТУВА, МАНИПУЛИРА ИЛИ КРАДЕ ТОЈ ИСТ НАРОД!

ПАТРИОТИЗМОТ ги бара и ги препознава како свои чеда зрелите, моралните и мисловно силните личности!

ПАТРИОТИЗМОТ се пројавува преку визионерите и преку оние кои разбираат која е силата на ТИМСКИОТ / СОБОРНИОТ дух и пристап!
ПАТРИОТИЗМОТ е туѓ за тоталитерните насилници и овчедушните немислечки групи и орди! ВИСТИНСКИОТ патриот својата љубов, одговорност, но и творечки порив кон својот народ ја разбира како ЖРТВА, како ДАР, како порив за ДОБРО И ПОДОБРО!

ВИСТИНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ е КРСТОНОСЕЊЕ!
Затоа што вистинскиот патриот го носи и срамот и неуспехот, но и доблеста и славата на својот народ и држава! Ги носи и поразите и победите! Го носи својот крст или го распнуваат на истиот затоа што знае дека ЕГОТО и СЕБИЧНОСТА треба да УМРАТ за ЖИВОТОТ, ВИСТИНАТА, ПРАВДАТА и НАПРЕДОКОТ да ВОСКРЕСНАТ!
Патриотизмот е како ЉУБОВТА!
Некои го разбираат и го живеат, а некои само се повикуваат на него за идеолошки, популистички или прагматично да швалерисуваат!
Како што и во погрешно разбраната љубов има патологија, односно болно манифестирање, така и во погрешно разбраниот патриотизам има омраза, насилство, умислена нереална вредност, комплекс, профитерство, демонизам. . .! Но, тоа драги мои не е ПАТРИОТИЗАМ туку неговата темна сенка која се вика ШОВИНИЗАМ или ФАНАТИЗАМ!

Тенка е границата помеѓу ЉУБОВТА и омразата, помеѓу ПАТРИОТИЗМОТ и шовинизмот!
Мудрите и зрелите души ја распознаваат и внимаваат да не ја поминат, а глупавите, манипулативните, овчедушните и острастените души ја преминуваат за на тој начин да го извалкаат ПАТРИОТИЗМОТ исто онака како што многумина со омразата ја валкаат ЉУБОВТА! Но, ЉУБОВТА не се валка со омраза, затоа што оној кој мрази НЕ РАЗБРАЛ ШТО Е ЉУБОВ! Така и ПАТРИОТИЗМОТ не се валка со шовинизам, фанатизам или екстремизам, затоа што оној кој мрази НЕ РАЗБРАЛ ШТО Е навистина ПАТРИОТИЗАМ!

ПАТРИОТИЗМОТ Е ЉУБОВ, но љубов мудра, силна, храбра, решителна, длабока, градивна, интелегентна, визионерска, полезна, широка, добра и од БОГА БЛАГОСЛОВЕНА!

Автор: Презвитер Ивица Тодоров

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top