На прво место

Проблемот е во Заев и неговата математика што овој пат целосно ја има утнато

1nade1

1nade1

Фејсбук статус на Наде Дуклеска

Избори на 5ти јули! Избори на 8ми јули! На 5ти, на 8ми, на 5ти на 8ми, како некоја расипана плоча станал Заев.

Не, јас стварно не ја разбирам неговата логика.

На 16ти март кога имаше 24 инфицирани со Ковид-19 беше со ставот да се одложат изборите бидејќи постоело ризик ако граѓаните одат на гласачки места и дека “изборите треба да се одржат кога трајно ќе се обезбеди здравјето на граѓаните”.

Ни цели 2 месеци потоа почнува континуирано да инсистира за избори. Причината за избори е сега дека мора да има избори за тоа што така треба да биде според закон и дека во септември предвидува нов можен бран на Ковид-19. Но реално, Македонија првиот бран не го ни помина, тек сега започнува. Баш сега, кога тој опседнато инсистира за избори. Не разбирам, се обезбеди здравјето на граѓаните?

Во емисијата “Clickplus” пред некој ден ги споредуваше статистиките на заразени во Македонија и Шведска. Со кој памет? Па Шведска има 8 пати повеќе државјани од Македонија, нема НИКАКВИ мерки или рестрикции како што има во Македонија. Абе во ЛОКДАУН ја ставивте државата и пак, и ПАК денес имате 162 новозарарени а Шведска има 38, и тоа без НИКАКВИ мерки со 8 пати повеќе народ.

Да не правете повеќе тестови од Шведска случајно? Или крив ви е народот како и секогаш?

Не. Проблемот е во Заев и неговата математика што овој пат целосно ја има утнато. Па уште избори бара да го изгори народот дополнително.

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top