На прво место

ДУИ го закопа Груевски во 2016, сега истото го прави и со Заев!

Стевчо ЈАКИМОВСКИ

„МУЊА“ ЈАКИМОВСКИ, ШЕФОТ НА САЗДОВСКИ И МИНОВ: ДУИ го закопа Груевски во 2016, сега истото го прави и со Заев!

Кога Заев се закануваше дека ќе оди на избори без разлика дали ќе учествува опозицијата или не, знаев дека Дерковски ќе изненади во 90-та минута така и се случи. Два дена не им крева телефон а сега ги препрати на друг шалтер, кај Талат Џафери. Талат пак ги упати на заеднички договор. Дека Дерковски е адут на опозицијата бев сигурен, не затоа што сум многу паметен туку затоа што имам бајаги годинки, а и тешко заборавам.

Што не сум заборавил?

Се сеќавате кога претседател на ДИК беше Сашо Новаковски предложен од СДСМ? Нели тој си даде оставка пред изборите не сум сигурен но чинам беше 2011 или 2013 година . Оставка си поднесе и вториот член во ДИК од СДСМ Тања Алтанџиева. Оставката од претседател и член на ДИК ја дадоа од тактички причини а по налог на претседателството на СДСМ и Бранко Црвенковски.

Се сеќавате ли кога Бранко Црвенковски на митинг пред собрание викаше: Ајде Никола на избори! Никола ајде на избори! А потоа ги натера овие двајца да си дадат оставка за да ги пролонгира изборите. Претходно од исти тактички причини од ДИК си поднесе оставка колку што се сеќавам и Борис Кондарко. Значи секогаш како опозиција СДСМ пред избори правел финти. Е сега на ред е и другата опозиција да му покаже на Заев дека власта не може се.

Талат и ДУИ играат иста игра како онаа што ја играа со ВМРО ДПМНЕ пред Пржинскиот договор. Ахмети тогаш запрети дека ќе ја напушти владата ако нема договор во Пржино а пак Тачи изјави дека ДПА нема да влезе во влада доколку ДУИ излезе. Значи го ставија Груевски во мат позиција, а за да направи сам влада без ДУИ му фалеше само еден пратеник. Потоа во 2016 година на 24 април беа закажани парламентарните избори и СДСМ ги бојкотираше зошто наводно избирачкиот список не бил чист а ДУИ изјави дека не оди на избори без опозиција. Потоа избори беа закажани на 5 јуни и повторно бојкот од СДСМ, а ДУИ не сакаше да оди на избори ако не одат сите партии. Значи Ахмети и неговата партија на Груевски му забија клинец во гумата иако добро соработуваа во владата.

Не знам што очекува Заев и СДСМ од ДУИ во ваква ситуација кога веќе се гледаат низ нишан. СДСМ направи коалиција со БЕСА а на Ахмети му порачаа дека би било многу здраво за него да оди во опозиција.

Дури сега сезнајкото од Струмица ќе дознае „како Муса дере јарца“, односно сега ДУИ ќе му врати со сета жестина. Веќе му врати преку Уставниот суд со поништување на уредбите на владата, со одлуката да не може собранието да се свика повторно а еве сега почнуваат да го печат на тивко со датумот за избори. Затоа денес Талат ги упати на консензус. Односно повторно ДУИ става до знаење дека ни една крупна одлука не може да се донесе без нив. Ако во 2015, 2016 и 2017 година по изборот на малцинската влада го закопаа Никола Груевски сега ДУИ истото ќе му го направи и на Заев, зошто има помалку причини за обзири кон СДСМ во однос на ВМРО ДПМНЕ.

https://denesen.mk/munja-jakimovski-shefot-na-sazdovski-i-minov-dui-go-zakopa-gruevski-vo-2016-sega-istoto-go-pravi-i-so-zaev/

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top