На прво место

Подгответе се да видите нов почеток и многу причини зошто ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ

Hristijan Mickoski

1h1 3

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денес реализиравме средба со претседателите и претставниците на политичките партии од Коалицијата „За обнова на Македонија“. Разговаравме за актуелната состојба како и за подготовките за изборите кои што престојат.

Добив едногласна поддршка за изборите на 15-ти јули каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе оствари убедлива победа над актуелната власт.

Ги информирав дека прифатени се условите за кои што преговаравме и разговаравме со власта. А, тоа се протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и мисија на ОБСЕ/ОДИХР. За нас беше многу важно да се утврдат строги правила за заштита на здравјето на граѓаните со што се овозможи сите ранливи категории, хронично болни опфатени со мерките на претпазливост соодветно да се пријават за гласање и да бидат посетени од ДИК доколку тие одлучат своето право на глас да го остварат од дома. Целосно ќе бидат заштитени при гласањето. И целосно нивното право за глас ќе биде тајно. Така што ги охрабрувам сите и да гласаат гарантирајќи го нивното здравје на денот на избори или деновите пред да се случи 15-ти јули.

Што се однесува до останатите граѓани тие ќе можат во безбедни услови да излезат да гласаат на 15-ти јули.

Многу е важно да има голема излезеност, и што повеќе граѓани да се охрабрат да гласаат. Затоа што од нивниот глас зависи судбината на државата и таа е во нивни раце. Тие одлучуваат дали ќе ја променат грдата реалност кон подобро или ќе биде полошо. Изборот е јасен. Изборот е помеѓу кризи кои ги прави власта или обнова која ја нудиме ние. Помеѓу измами и напредок, помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев или Македонија.

За сето она што го ветуваме стоиме до последниот збор. И тоа ќе го оствариме. Знам дека и сите останати политичари ова го говорат но видовме дека ова раководство на СДСМ и Зоран Заев не умее да исполни.

Изборот сега е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев кое докажано не исполнува, и Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кое се знае дека работи и исполнува. И знаете дека овој пат го имате мојот личен збор, дека обновата доаѓа.

Нам ни треба извесна иднина во која ќе можете да планирате и да се потпрете. Да дојде крајот на времето на искушенија, несигурности и постојани кризи. Треба вистински да се нормализираат работите, вредностите да дојдат до израз. Нема да се задржувам на празни флоскули. После 15-ти јули не чека многу работа. Затоа што нашиот проект е обнова која ќе донесе силна економија, повисоки плати за 25% или за најмалку 6.500 денари повеќе од сега. Повисоки пензии од 20-тина проценти во еден мандат или повеќе од 3.000 денари за секој пензионер, невработеност под 10%, намалување на даноците, рамен данок од 8%, 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за 4 години. Целосна реконструкција на повеќе од илјада километри регионални и државни патишта, 150 километри експресни патишта низ целата држава, енергетска обнова на домовите на граѓаните, нова фасада и оков на секој дом при што инвестицијата половина ќе ја покрие државата. Природен гас за секое домаќинство, бесплатен приклучок на гас за секое домаќинство.

Поголеми плати за професорите и наставниците, 100.0000 денари за редовните универзитетски професори, 80.000 денари за вонредните професори, 60.000 денари за доцентите, 45.000 денари за асистентите на факултетите. Изградба на национална мрежа на 4 нови Клинички центри и многу други проекти.

Следува напорна работа и многу резултати. Власт која нема да биде непријател туку партнер со народот. Подгответе се да бидете сведоци на нов почеток и многу причини зошто ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија е различна од СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

Има зошто да ја подржите ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top