На прво место

ALEA IACTA EST… КОЦКИТЕ СЕ ФРЛЕНИ…

1tomic

1tomicСлободан ТОМИЌ

Уште пред Христа, Цезар ја преминал реката Рубикон со својот 11-ти легион. Според римскиот закон, цезаровите легионири биле осудени на смрт…

Рубикон и денес значи ризична одлука по која нема враќање назад. Рубикон била река од која на ниту еден римски генерал не му било дозволено да води војска. Целта на тој закон била да се заштити Рим од воени диктатори кои би можеле да ја наметнат својата моќ, окупирајќи го градот со нивните воени сили. Цезар тогаш ја изговорил познатата максима: “Коцките се фрлени!“

И денес ни се случува Рубикон. Во ек на светска пандемија, кога невидливиот убиец Ковид-19 виси како Дамлаков меч над секој човек во светот, па и во Македонија пред 2 години прекрстена во “северна“, некој се впушти во играта избори. Ни кажаа поради загриженоста за здравјето и за економскиот развој на Македонија морало по секоја цена да се случат брзи избори. А, прашање е што ќе донесат изборите.

Прашањето за милион долари е, кој се грижи за здравјето и опстанокот на народот? Се разбира, неизбежна е страста за власт и сласта за моќ и пари.

При самата помисла за избори, веќе некој тропа на врата со пакет со производи со изминат рок… Ама, до кога ќе се дерогира Гласот на народот и вооопшто авторитетот на гласачот и неговото здравје? Секогаш велиме, здравјето пред се’, но политичарите на власта тоа воопшто не ги засега, смета народот кој треба да гласа. Бајрам и ифтарите, за жал, поради кокетиртање на власта за гласови на избори, оставија голем број на заразени. И нормално, Македонија е прва во Европа, меѓу ретките во светот држави, по заразени и починати на милион жители. Но, да видиме што нам ни се случува.

Артан Груби денес отворено му возвраќа на Заев, дека ДУИ, иако постапиле спротивно на волјата на народот, со нејзините гласови во Собранието во 2016 година го доведоа СДСМ на власт а заев за премиер, за да го сменат Уставот и името на државата ни Македонија, дека со Заев Албанците постигнале двојазичност и потпишување на договорите со Грција и Бугарија. Пораката е, ние те донесовме на власт, сега твое е да возвратиш со премиер Албанец, како што Заев ветувал пред Албанците во Швајцарија. Имер Селмани го дополни на Артан Груби, дека албанските гласови го донесоа на власт и Стево Пендаровски на претседателскиот трон! Овие две пораки на албанските политичари јасно го потсетуваат на Заев, дека треба да си ја исполни дадената беса.

Аналитичари сметаат дека Заев е подготвен и тоа барање на Албанците да им го удоволи. Со Заев веќе се’ е можно! И не случајно за него народот вели дека е лажго. И Стевче Јакимовски, претседателот на ГРОМ, е недвосмислен дека за да ја избегне одговорноста, Заев е подготвен на се’, само да остане во игра за власт! Па, додава, дека доколку Заев се одлучи на ваков потег, ќе се соочи со сериозни проблеми и протести, Македонија ќе влезе во сериозна политичка и безбедносна криза, пресудна ќе биде улогата на т.н. “меѓународна заедница“!

И аналитичарот Ким Мехмети, во интервју за ТВ24, смета дека следат промени на македонската политичка сцена, со убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Ким Мехмети е сигурен дека Заев ја изгуби довербата и кај албанските гласачи, коалицијата со БЕСА ќе биде причината Заев да загуби, наместо да победи.

Се разбира, надеж за промена на власта на овие избори се најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицковски! Доколку биде изиграна волјата на народот, Македонија ќе вплови во нестабилни води. Да се надеваме дека пацифизмот на господинот Мицкоски ќе победи, во спротивно следи длабока политичка криза!

Македонија заслужува вредни и пред се’ чесни политичари, без хипотеки и негативно минато политичко портфолио.

На изборите ќе дебитираат и партии на третиот блок, како што се партијата на Љупчо Ристовски Интегра, Единствена Македонија на Јанко Бачев, Левица, Глас за Македонија на Солза Грчева… Дали се вистинскиот ТРЕТ ПАТ за излез од овој ќорсокак, ќе покаже времето. Да веруваме, дека ќе ја репризираат 1998 година, кога професорот Васил Тупурковски го сврте вниманието на народот и создаде симпатии, освежувајќи ја политичката карта во Македонија меѓу тогаш владеачките СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Дали интегративците и нејзиниот лидер Љупчо Ристовски кој го гледаме постојано на ТВ екраните ќе ја разбуричка водата на политичките збидувања и ќе биде “јазичето“ на вагата кое ќе одлучува за конечниот епилог од изборите ќе покаже времето и волјата на народот.

На Македонија секако и се потребни ренормирани и прочистени партии заради опстанокот на државата. Македонија треба да се одлепи од авантуристи и од камиказа-политика на профитери, на штета на целиот Македонски народ, по род и државјанство.

Дали Заев ќе ја одржи бесата дадена на Албанците и за спас на сопствената кожа ќе го направи и овој експеримент, или овој непристоен предлог кој пристигна од Али Ахмети ќе биде прифатен од Заев заради неговата синтагма “Едно општество за сите“, односно пораката на Али биде разбрана како „Едно општество за Ахмети“,останува да видиме?! И конечно, за очекување е сето ова да го поткрене националното чувство кај Македонците, по род и државјанство, за сите обединети да изберат опција која ќе го задржи дигнитетот и интегритетот на Македонија!

За финале не смее да се да се занемари парадоксот или гротесната која доаѓа од страна на ОБСЕ за овие брзи контроверзни  корона избори ,кои се несериозно разбрани  и од најодговорните меѓународни набљудувачки организации,како што се ОБСЕ и ОДХР,кои решија од 22 јуни со мисиј од седум експерти да го набљудуваат овој мошне важен изборен процес во Македонија,што преставував своевидна гротесна или виц како што ја нарекол и еден висок политички функционер на ОБСЕ ваквата одлука на раководтсвото на ова реномирана мешународна организација за безбедност и соработка на Европа позната како поранешен КЕБС.

Дали со ова уште еднаш се потврдува фактот, а тој говори дека Македонија,  ЕУ и други  меѓунардната политички кругови ја доживуваат  како земја Grand Zero,како што истакнува надежниот политичар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Моцунски, заради  на клиентелизмот и инфантилноста на водење на политика од страна на Зоран Заев за неговиот опстанок на политичката сцена и неговото властодржење.

Се постаува дилемата дали сепак ѓаволот дојде по своето и си го бара ветеното,и во оваа невреме и опасност по живот се организираат по секоја цена брзи и контроверзни избори

Како и да е Alea iacta est,Коцките се фрлени…..

Затоа, Вие сте на потег народе …!

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top