На прво место

Заев во Љубојно – Слушам и не ми се верува каков хипокрит со лице-ѓон

1bob
1bobБобан Максимовски
Збори како трендафили да сади, сади трендафили без корен. Центар за промоција на македонскиот јазик-преубав трендафил. Зошто е без корен? Затоа што идејата му е спас пред бура, да имаше корен Центарот ќе се оформеше непосредно по Преспанскиот договор, ќе инвестираше во објект што ќе може да се употребува.
Вака мора подалеку од старото училиште да стои и да дава интервју.да не му се сруши единствениот зид од објектот на глава. Заев рече и не се засрами: “Македонскиот јазик е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина…..нашето вчера, денес и утре… 
Македонскиот јазик е нашата насушна потреба, како лебот што го јадеме и како водата што ја пиеме!”
Така е, ама тоа се туѓи зборови во неговата уста, тоа се зборови на патриоти, не на политичари што во Тирана зборат едно, во Софија ветуваат друго, а нас предизборно ни мачкаат очи.
Друг трендафил без корен- Горд бил на Илинден, на Асном! Хероите од Илинден на послужавник му ги подаде на Борисов а борците од Асном ги маргинализира.
Трендафил за мерак- Денес имаме горди граѓани и држава која оди по вистинскиот пат.
Веројатно мисли на оној асвалтиран пат од 2-3 км што го изградија накај Блаце, зошто и покрај вратоломен и без преседан услов што ни беше поставен од ЕУ, како на ниедна земја пред нас, сигурно и после нас, патот кон ЕУ не ни се отвори.
Трендафил (овенат)”Да продолжиме по патот кој обезбедува подобар живот и повисок стандард!” -Мисли на повисок стандард од просечната плата од 500 евра што ја ветуваше на предходните избори? А подобар живот од овој во хибридната држава со корумпирана правда , рекетиран бизнис, уценети пратеници, колабирано здравство…?
Награда доби човекот 7 дена пред отпочнување на кампања (не веднаш по настанот потпишување на преспанскиот договор за што е наменета, или на годишнината), од германската фондација Фридрих Еберт Штифтунг формирана од СПД, сестринска партија на СДСМ.
Ние сме Балканци, ќе ракоплескаме, не разбираме зошто е таа награда сега доделена пред избори.
И нешто убаво и значајно да кажам што требаше како прво да оди, Честита 127 годишнина на ВМРО и 30 годишнина на ВМРО ДПМНЕ, партија што не фрла златна прашина во очите на кратковидите, партија запишана со крвави букви од почетокот, партија што континуирано се бори за опстојување на Македонија !

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top