На прво место

Заев уште во август минатата година стана неважен во меѓународното друштво

Новинарот кој ја откри афepaта “Peкет”: “Заев е во паника, а еве и зошто”

Словенечкиот аналитичар и професор по геополитика Ларис Гајзер го раздрма целиот Балкан кога ја откри афеpaта „Peкет“ низ серија текстови и снимки во весникот „Верита“, кои ги објави во август минатата година, пишува Ало.рс.

Аферата доби епилог пред два дена кога Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се ocyдени на 9 односно седум години затвop по обвинението дека од ноември 2018 година до април 2019 земале 1,55 милиони евра од Јордан Камчен, еден од најбогатите Македонци, а за возврат да му ја „олеснат позицијата“ во предметот Империја на СЈО во кој беше првoocомничен.

-Се надевам, како и веројатно голем дел од Македонците, дека оваа прecyда е само почеток. Мислам дека јасно докажав дека врвот на злостopничката пирамида беше политички, како и дека политичкиот врв тесно соработувал со дел од правocyдниот систем. Впрочем, дури и јавното обвинителство го воделе истите лица за кои открив дека се поврзани со огромниот мафиjaшки октопод развиен во време на владеењето на Зоран Заев. Сепак, не можеме да очекуваме дека виновниците сами себе ќе се осудат, наведува Гајзер за „Ало“.

На прашањето дали по пресудата на Боки 13 и Катица Јанева очекува и нови обвинениja, одговара:

-Мислам дека сликата ќе се промени по изборите во Македонија, особено во случај Трамп да освои втор мандат. Последните месеци Зоран Заев сакаше брзи избори бидејќи беше исплашен од можната kaзна. Сега може малку да дише, но по изјавите на Боки во судот (Боки 13 му порача на судот дека парите може да ги најде кај браќата Заев), можеме да очекуваме почеток на втор круг. Во променето политичко друштво и чист правocyден систем, сигурен сум дека Боки и Катица ќе пронајдат храброст да ја кажат целата вистина за многу тажен дел од македонската историја

Кога станува збор за поранешниот премиер Зоран Заев, Гајзер вели:

-Заев уште во август минатата година стана неважен во меѓународното друштво. По речиси една година од моите тесктови никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисен за вистинските политички играчи. За СДСМ е политичко самоубиство дури и ако уште го води како лидер на следните избори. Неговата присутност го осудува да биде поразен. Сето ова се добри аргументи во корист на ставот дека тој е минато во политичката арена, со или без продолжување на судската постапката, вели Гајзер за Ало.рс.

https://markukule.mk/

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top