На прво место

Зошто Ден Дончев нема да одржи прес конференција туку ќе оди само со соопштение?

1antonio
1antonioАнтонио Милошоски
Ден Дончев сношти најави соопштение за денес, во врска со скандалот со видео снимката на која зема сноп пари и аудио снимките на кои се слуша како Заев му “дал пас” да дејствува со инспекции во “фирмата”, а ги спомнува и Вилма, и Блажо од Финансиско разузнавање, Нино Тодоров и адвокатот Медарски.
Но, зошто Ден Дончев нема да одржи прес конференција туку ќе оди само со соопштение?
1. Затоа што на прес конференција искусни новинари од Сител, Телма, Канал5, Алсат, Плусинфо, МКД.мк, Алфа, ТВ21, и други медиуми сигурно ќе му постават незгодни прашања за снимките, за рекетирањето, за името на торбарот што ги носел парите до Струмица, за тоа дали и колку во овој скандал бил вмешан министерот Филипче, и пред се, според кој закон Заев како премиер му давал ‘пас’ на директорот на Фондот за здравство да праќа полициски и финансови инспекции во приватни фирми?
2. Дончев денес ќе оди само со соопштение, затоа што тоа соопштение вчера до касно вечер заедно го пишувале со Зоран Заев, за да нема разногласие, како што беа усогласени да лажат дека Дончев дал оставка од ФЗО поради семејни причини. Заев има особен интерес да се координира и да проба да го заштити Дончев во овој рекет-скандал, во спротивно ризикува во блиско време Дончев да биде следниот кој пред некој судија ќе извика ‘рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заеви” (Дончев знае многу работи за бившиот премиер, за Венко, па и за интересната улога на Бајруш во аферата).
3. И третата причина зошто Дончев денес за мега скандалот би одел само со соопштение е можноста тој веќе да не е во Македонија, туку далеку преку океанот. Се разбира дури и бегството од Македонија не би можело да е без координација со Заев .., но бидејќи бегството би било и потег на признавање на вина, претпоставувам дека Дончев е поверојатно сеуште да е во Скопје, или можеби во родното Муртино.
1den

Најново од: На прво место

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

Најнови вести

To top