На прво место

МАКЕДОНИЈА ВО ЗОНАТА НА САМРАКОТ…

slob

1 slobodanСлободан ТОМИЌ

Изборите се ближат, а лагите и ветувањата се нижат. Ред по ред дрворед од трупци политиканти кои со години ја лажат, крадат и злоупотребуват Македонија како земја, нација, демократија… Велат без програма и план нема победа! Оваа е свето правило за било која идна власт која има намера со државата да управува! Ама, не правете ништо што е спротивно на вашата совест, дури и ако државата ве праша за тоа! Мислите, на другите им е лесно да се разберат кога имате своја глава? Но, колку го користите мозокот кога се работи за вашиот опстанок и достоинство?

Сведоци сме дека политичарите во Македонија во изминатите 30 години, свесно ја девалвират вашата искреност, патриотизам и лојалност. Живееме во страв и сиромаштија, од кој да се браниш и да се чуваш? Од невидливиот непријател Ковид 19 или од арамии и манипулатори и политиканти кои ниту М имаат од морал, ниту Ч од чесност, а за тоа се’ повеќе ни ги вознемируваат сетилата.

Корона вирусот си го зима својот плен секојдневно, згаснуваат стотина човечки животи во последните  пет песеци од светската пандемија која ја зафати Македонија. Избори по секоја цена во време на пандемија е еднакво на газење  по жилети или “боси“ по жар во пеколот…

Да речеме, колку беа исполнителни коалицијата СДСМ и ДУИ кои на еден манипулативен начин, во минута до дванаесет ја дефинираа најнепринципиелната коалиција, позната како  Guns and rouses, ќе оценат аналитичарите. Но тие се јасни во оценките за крајната цел на оваа коалиција: Реализација на најконтроверзните и погубни сценарија за Македонија и Македонскиот народ!

Од највисоката точка на  вселената можеше да се прочита и види дека двоецот Зоки и Али се донесени со јасна цел: Да се прифатат сите сценарија за Македонија и Македонците кои се подготвуваа во белосветските центри на моќ.

Наивното лице на Зоран Заев со десното раче на срцето, невропсихијатрите велат кореспондира со зрела дијагноза на егзибиционизам, кога пациентот верува во сопствените лаги што ги манифестира на јавна сцена.

Кога сме веќе кај пациентите на психијатриски ординации, неизбежен е Алекандар Антиќ, кој неодамна излезе со идеја и тоа не во пет до дванаесет, туку во дванаесет и пет, пост фестум. Веќе погодивте, идејата е на претседателот на интегративците Али Ахмети, да се оствари албанскиот сон, Македонија да добие премиер Албанец?! И ништо не е случајно, ќе оценат познавачите на политиките во Македонија, УДБА е нашата судба.

Тука некаде е и Зоран Заев. Повеќе од јасно е дека шарената револуција е дело на мизантропот Џорџ Сорос, кој на нај недеокртаски начин, со сите средства и сили вршел упади во политичкиот систем и демократиите на малите држави диктирајќи и власт и лидерство. Да потсетиме, тајфата на Заев, за време на кампањата на Доналд Трамп наспроти Хилари Клинтон јасно и гласно упатија порака на светот дека тие се за “челичната дама“ зад големата бара, која заедно со нејзиниот побратим, сега актуелен опонент на Доналд Трамп, Џо Бајден, јасно му го ставија кубурот на чело на  поранешниот премиер Груевски во просториите на Стејт Департменот за “руски рулет“: Да го смени името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! Или тоа, или ништо од него! Груевски им даде “корпа“ но заврши со прогонство и пресуди…

Да биде порезил работата, Заев со неговата наивна детска насмевка, е во прегратки на вториот човек на САД, Пенс, на услуга да ги исполни сите точки од наредбата за да не нема и снема!

Можен е пресврт и крај на deep state.

Се молиме на Бога, од политичката сцена да ги снема и Заев и Ахмети… Македонија да излезе од оваа зона на самракот.

Најново од: На прво место

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

To top