На прво место

Народот виде дека мафијата е во СДСМ

2a

2a

Обновата подразбира борба против мафијата на СДСМ и неселективна правда

Реакција на изјавата на Љупчо Николовски

Љупчо Николовски е во очај. Граѓаните видоа дека тоа што го ветуваше во 2016 година не успеа да го реализира, па затоа не им веруваат веќе ниту нему, ниту на Заев, ниту на СДСМ за новите лаги кои пак ги кажуваат.

Но  народот виде и дека Власта на СДСМ и Заев била посветена на криминал, корупција и рекет, кој не само што бил штитен од власта, туку сите овие три години не бил ниту правно процесуиран иако бил очигледен за целата јавност.

Криминалците и рекетарите Љупчо Николовски треба да ги бара во врвот на својата партија, затоа што пости сведоштво дека сите рекетирани пари завршиле кај Заеви, а и друго сведоштво дека со закани и насилство се пресметувале со политичките неистомисленици со класични мафијашки методи.

Народот виде дека мафијата е во СДСМ.

Дополнително, Љупчо Николовски ако сака да види реална понуда за избори треба да ја прочита Обновата.  Обновата на Македонија ќе значи не само одговорност на криминалната власт на Заев, туку и напредок и благосостојба за народот. Во обновата се предвидува раст на пензиите за 20%, раст на платите за 25%, 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 сериозни инвестиции во првите 100 дена, најмалку 4% раст на БДП секоја година, 20.000 евра грант за набавка на механизација за младите земјоделци, 0% персонален данок за вработување на млади до 29 години, намалување на невработеноста под 10% и уште многу други конкретни проекти.

СДСМ, Љупчо Николовски и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

To top