На прво место

Овој човек е главата на фармацевтската мафија во Македонија! Поврзан е со Филипче и Заев?

АФЕРА ФАРМАГЕЈТ (3): Овој човек е главата на фармацевтската мафија во Македонија! Поврзан е со Филипче и Заев?

Во првиот и вториот дел од истражувањето на „Економски Лидер“, откривме четири компании кои се дел од фармацевската мрежа за извлекување на државни пари од тендери.

Статистички увидовме како овие компании прават екстра профити на државна сметка и како се поврзани со политичари. Во третиот дел одиме чекор понапред и ја откриваме главата на целиот овој процес, во кој се вмешани многу повеќе од овие четири компании.

Сите податоци кои ќе ги изнесеме во третото продолжение ни се поткрепени со докази како сведоштва од луѓе, снимки од безбедносни камери и длабински финансиски анализи. Доколку било кој од споменатите сака да започне судски процес за пишувањата, подготвени сме да ги извадиме доказите.

Кој е Стојан Ангелов?

Стојан Ангелов е македонец кој има околу педесетина години и е родум од Струга. Од својата 19-та година тој живее и работи во Прага, Република Чешка.

Од сиромашен емигрант, овој нашинец успеал да стигне до ниво да биде еден од побогатите жители на Прага. Во Чешка тој поседува хотели, ресторани, деловни простори кои ги изнајмува, печатници, ланец на сувенирници.

Како Стојан се збогатил? Никој не знае, но јасно е дека има акумулирано огромен капитал.

Во Македонија, тој е практично сопственик на компанијата „ИЦС системи“, која има добиено милионски тендери за осветлување од општина Куманово и општина Охрид.

Иако тој не фигурира на хартија, „Економски Лидер“ преку следење на меѓународни трансфери, обезбеди докази дека токму тој и луѓе вработени во неговото опкружување менаџираат со оваа македонска компанија.

Како што дознаваме, кај него во Чешка гости биле и градоначалници, кои лично со него договарале тендери за осветлување.

Кон крајот на 2016 година, на гости кај Стојан Ангелов во Карлови Вари и во Прага бил и поранешниот премиер Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче и една дама, која е е непозната за македонската јавност, а се бави со медицина и живее во Германија.

Како овој човек стана „Фармацевт“?

Стојан Ангелов никогаш немал никаква врска со фармацевсткиот бизнис, но, веднаш по интензивната комуникација со Филипче, Заев и докторката од Германија, тој на голема врата влегува во овој бизнис, кој за многу кратко време значително го освојува.

Од есента 2017 година, па наваму, Ангелов по претходно најавени и закажани состаноци по асистенција на министерот Венко Филипче, ги посетил речиси сите веледрогерии и на нивните сопственици им се претставувал како човек зад кој стои лично Зоран Заев и дека сите активности во областа ќе мора да ги координираат преку него.

Дилот кој им го понудил Ангелов, според фармацевските менаџери со кои разговаравме, подразбира делења на профитот 50:50.

За возврат ни се нудеше пакет на услуги како заштита од минати и идни незаконски дејанија, зголемување на прометот, приоритет на наплата на фактурите, зголемување на портфолиото со нови фирми чии лекови би се продавале и многу други законски и незаконски работи. – вели за „Лидер“ еден добро позициониран менаџер од фармацевската индустрија.

За да ја демонстрира својата моќ, релевантност и веродостојност, Стојан Ангелов пред соговорниците им се јавувал на тогашниот премиер Зоран Заев, на министерот за здравство Венко Филипче како и на директорот на фондот за здравство Ден Дончев. Разговорите ги пуштал на интерфон, а од другата страна потврдувале дека „жртвите“ треба да работат со Стојан.

Некои сопственици на веледрогерии примале и закани по живот од страна на Стојан Ангелов, доколку се обиделе да се спротистават на однапред испланираниот добитник на тендер (некоја од фирмите во мрежата на Ангелов) или биле принудувани да се откажат од странските компании кои тие ги застапуваат и не сакаат да влезат во мрежата за делење 50:50. – вели наш извор од процесот.

Како Филипче му асистирал на новиот „Кум на фармацевската мафија“?

Министерот за здравство Венко Филипче, дефинитивно асистирал во процесот со тоа што ги повикувал на средби регионалните претставници на фармацевските производители, со тоа што ги насочувал кон која веледрогерија да се насочат за да склучат договор за застапништво.

Документирани се десетици вакви случаи, а секогаш, Филипче овие фирми ги насочувал кон веледрогериите кои се во мрежата на Ангелов.

Филипче ни ветуваше поголем обрт доколку работиме со фирмите на Ангелов и значителен раст на продажбата. – сведочи за „Лидер“ еден регионален менаџер кој е подготвен за случајот да сведочи и на суд.

Ангелов сите веледрогерии и претставништва, ги посетувал редовно. Иако на хартија нема ниту една веледрогерија, тој низ Министерството за здравство, Фондот за здравство и клиниките се шетал, небаре е газда.

Сите негови соработници, се дел од владејачката структура, што значи нив не им било проблем да проверат дали Ангелов е во комуникација со поранешниот премиер Заев, но, очигледно е дека Ангелов имал некаква комуникација и поддршка од него.

Парите од наместените тендери се изнесувале надвор!

На тендерите, спецификациите ги пишувале луѓе кои работеле во некои од компаниите под капа на Стојан. Откако тендерот ќе се наместел и ќе го добиела фирма блиска до него, менаџерите на компаниите половина од профитот му го давале на Ангелов, иснесувајќи го на сметки на фирми во Прага.

На ваков начин, од државава се изнесени десетици милиони евра, а Ангелов на дел од оние кои работеле со него им тврдел дека дел од нив ги враќа назад вбризгувајќи ги во предизборните кампањи за референдумот, за претседателските избори и последно за парламентарните избори.

Кој се бил жртва на Ангелов?

Ангелов практично ги „изрекетирал“ сите играчи во фармацевтскиот сектор во земјава. Најголем дел од нив, ги посетил сите компании па дури и оние кои се премногу големи за да им се наштети.

Во неговата мрежа, која се врти околу „Промедика“, влегле многу брендови кои претходно биле застапувани од други фирми. Десетици веледрогерии, парите од тендерите ги делеле со Ангелов а тој ги изнесувал во странство.

Во случај на тужба

Редакцијата на „Економски Лидер“ преку сведоци, документи и аудио и видео записи е подготвена да ги докаже сите горе-напишани тврдења во случај на тужба од некој од споменатите.

https://lider.com.mk/ekonomija/afera-farmagejt-3-ovoj-chovek-e-glavata-na-farmacevtskata-mafija-vo-makedonija-povrzan-e-so-filipche-i-zaev/

Најново од: На прво место

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

To top