На прво место

Мицкоски: Гласот за СДСМ и Беса е глас за политичари од минатото

1HM

1HM

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 3, Игор Јанушев ја посетија општина Лозово. При посетата Мицкоски истакна дека доколку граѓаните гласаат за СДСМ ќе гласаат за криминал, рекет и сиромаштија. Доколку граѓаните гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, кажа тој, тогаш граѓаните гласаат за работа, чест и достоинство.

„Ова не се обични избори, ова се избори на две различни политички партии во основа. Ова се избори каде што или ќе се поддржи злото, олицетворено во СДСМ и Зоран Заев. Или ќе се одбере чистината и доброто. Ова се избори во кои што народот избира дали ќе фати лево и ќе поддржи подвиткана кичма, понижувања, срам. Или пак ќе фати десно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ и ќе поддржи со тоа исправена кичма, достоинство и чест“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека ова се избори во кои што граѓаните ако одберат лево ќе поддржат неправда, криминал и корупција, или ако одберат десно и го поддржат ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат правдина, нула толеранција за криминалот и корупцијата, и владеење на правото и законите.

„Гласот за СДСМ и Беса коалицијата е глас за политичари од минатото потрошени и истрошени без нови идеи. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ е глас за нови политики и за луѓе кои што се мотивирани и знаат како да се справат со предизвиците до нивната крајна цел. А, нашата крајна цел е онаа Македонија за која што ние сите заедно сонуваме. Македонија која што ќе биде дел од европското семејство. Македонија во која што ќе царуваат вредности. Македонија во која што ќе владее правото и законите. Македонија во која што ќе се почитува Македонецот“, нагласи Мицкоски.

Посочи дека граѓаните ако гласаат за ВМРО-ДПМНЕ веќе во Македонија нема да царува криминалот, а власта, како што кажа, да го сокрива криминалецот како што било обичај на СДСМ.

„Луѓето од оваа власт продадоа се што имаше за продавање. И повторно денес ги слушаме со истата теза дека морало ова да се направи за да Македонија биде дел од Европа и за да подобро се живее. А, реалноста за жал е сосема поинаква“, појасни Мицкоски.

Тој рече дека  во програмата „Проект-Обнова“ има повеќе од 1000 проекти.

„Тие се многу внимателно создавани, многу внимателно креирани од структурата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалиционите партнери, многу експерти партиски определени и неопределени од земјава и од странство. Преку разговорите со граѓаните „За обнова на Македонија“ се создадоа исто така низа проекти. Сите вие, граѓани сте заслужни за тоа. Таму ќе најдете најмалку 25% поголема просечна плата во еден мандат. Таму ќе најдете до 20% поголеми пензии и враќање на стариот данок за зголемување на пензијата, кога пензијата 2 пати годишно раснеше. Таму ќе најдете најмалку 1000 километри реконструирани и нови патни правци локални и регионални. Таму ќе најдете најмалку 4 милијарди евра директни и домашни и странски инвестиции. Невработеност под 10%. Таму ќе најдете нула проценти данок за вработен млад човек до 29 години“, објасни Мицкоски.

Најново од: На прво место

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

To top