На прво место

Александар Бициклиски: Крај на “СТАКЛЕНИТЕ ЅВОНА” во ВМРО-ДПМНЕ

13087552 10208317905078858 1093200006616896689 n
130875
Александар Бициклиски: Крај на “СТАКЛЕНИТЕ ЅВОНА” во ВМРО-ДПМНЕ
Согласно Статутот на Австриската народна партија , Статутот на Христијанско-демократската унија на Германија , во новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ изрично се дефинира причина поради кои што може да изрече дисциплинска санкција предвидена согласно статутот, како и право на жалба до партискиот СУД НА ЧЕСТА со што се овозможува двостепеност на оваа постапка а вака предвидената постапка пак го истакнува начелото на владеење на правото во рамки на внатрепартиското дејствување.”
Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ , еве 31 лето во континуитет , го живеам како активен член на партијата учествувајќи во сите изборни и партиски процеси во овој период.
Како еден од основачите на УМС,делегат на сите конгреси до сега,Претседател на ОК Чаир, Шеф на изборен штаб во изборни единици ,Портпарол , Советник и итн. Од лепач на плакати до говорник на најголемите митинзи , изразувам огромно задоволство со имплементирањето на погоре напишаниот член во статутот на ВМРО-ДПМНЕ .
Задоволството е уште поголемо што оваа битка со уште неколку ветерани ја водиме добри 20 години внатре во партијата.
Овој член ја отвора можност конечно , сите ама буквално сите членови своите права и својот глас да го остварат преку ова тело и истите да стигнат до највисоките органи и тела на ВМРО.
Праксата до сега не овозможуваше , гласот на обичниот член да стигне до врвот или до претседателот од разно разни луѓе на кои партијата им беше попатна станица за персонално богатење и остварување на лични цели.
Токму тие луѓе ги правеа СТАКЛЕНИТЕ ЅВОНА ,правејќи ѕид околу претседателите сервисирајќи невистини и лажна слика за реалноста , недозволувајќи гласот на обичниот член да стигне до врвот.Таа состојба во минатото ни донесе многу разочарувања, лажни обвинувања и осипување на членството ……
ВМРО-ДПМНЕ во моментов со ова и другите статутарни измени се демократизира согласно делувањето на нашите сестрински десничарски партии од ЕПП и длабоко во душата искрено се радувам.
Борбата за каузата е вечна и продолжува….
Да живее ВМРО-ДПМНЕ
Да живее МАКЕДОНИЈА

Најново од: На прво место

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

To top