На прво место

Мане Јаковлески: На гробот на Исус Христос-Ноември 2011

Grobot na Isus Hristos 1

Grobot na Isus Hristos 1

Иконата на Богородица, зад која се крие каменот на Гробот на Исус Христос

Мане Јаковлевски на Аџилак!

Во ноември 2011 година на покана на владата на Израел, како член на Фондот на Холокаустoт на Евреите во Македонија, Јаковлевски го посети Израел.

Мане Јаковлевски беше на Аџилак и пренесувајќи ги своите прексрасни спомени од посетата на Витлеем-родното место на Исус и Ерусалим-Гробот на Исус, Маслинова Гора, Патот на страдањето,… ќе напише:

Престојот го искористив и да го поминам патот низ кој минувал Исус Христос, од неговото родно место Витлеем, до Ерусалим, каде што се наоѓа неговиoт вечен дом.

Да се посети Витлеем, родното место на Исус Христос и да се посетат светите места во Ерусалим е сон на секој верник.

Со патувањето ми се исполни мојата голема животна желба, за која долго сонував: АЏИЈА. 

Аџилакот е посебно доживување за секој кој тргнал по стапките на синот Божји.

Vitleem 1

Vitleem 54

Витлеем родното место на Исус Христос

За да се стане аџија треба да се помине целиот пат, од Витлеем родниот град на Исус Христос до Вечниот Гроб во Ерусалим. Патувањето го започнав од Витлеем (Bethlehem) град на Западниот Брег, кој се наоѓа блиску до Ерусалим, а во негова чест изградена е базилика Рождество Христово.

Vitleem 45

Vitleem 20

Vitleem 10 copy

Витлеем се наоѓа на 765 метри надморска височина, со 20.000 жители, а од Ерусалим е оддалечен дваесетина километри. Во Витлеем роден е и Давид, и во Библијата многу често се спомнува како „Градот на Давид“.

Маслинова гора или гетсиманска градина

Maslinova gora 1

Maslinova gora 6

Пристигнав на врвот на Маслиновата Гора – Гетсиманската градина, од каде се овозможува прекрасен панорамски поглед на Стариот Град, Сионскиот Рид и новиот дел од градот.

На Маслиновата гора, се наоѓа Гетсиманска градина, каде има осум маслинови дрвја, кои се стари над 2000 години. Маслиновата гора е местото каде Исус Христос ги одржувал повеќето од своите молитви и каде често пати ги собирал апостолите.

Маслиновата гора е и местото каде Јуда Искариотски дошол со војниците и со бакнеж на левиот образ на Исус, го предал на Кајфа.

Кармелиски манастир (ОЧЕ НАШ) се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим

Овој манастир, се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим. Црквата се нарекува Елеонска и се наоѓа над пештерата, за која се верува дека повторно ќе се случи вознесението.

Тука, за последен пат Исус ги собрал своите апостоли и ги научил на молитвата “Оче Наш“.

Oce Nas 8

Текстот на молитвата е испишан на скоро сите светски јазици, на керамички плочи врамени со шарени венци од цвеќе, поредени една до друга на ѕидовите на црквата, под тремот и во дворот. Тоа е целиот свет во мало издание што го спојуваат зборовите на иста молитва. До сега се поставени 161 плоча со текст на молитвата на различни јазици, а македонската е 155 по ред.

Плочата со молитвата “Оче Наш“ на македонски јазик се наоѓа на десната страна на ѕидот, пред самиот влез во храмот. Со гордост и задоволство можам да кажам дека зазема почесно место и невозможно е, а да не се забележи.

Сионската горница

tajna vecera

Сионската горница е место во Ерусалим, каде се одржала Тајната вечера на Исус Христос и Апостолите, била последниот оброк на Исус Христос кој го поделил со апостолите, пред да биде предаден.

Според она што Апостол Павле го раскажал во Првото послание кон Коринтјаните, на Тајната вечера се јадело леб и вино.

На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде убиен.

По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи: „Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас.

Правете го ова за Мој спомен!“

Земајќи ја чашата рекол: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв.

Правете го ова, секој пат кога пиете, за Мој спомен!”

Голгота или Калварија е рид во Ерусалим каде што според Библијата е распнат Исус Христос.

Распнувањето на Исус е настан кој се случил во текот на првиот век од новата ера, кога Исус бил уапсен, измачуван и осуден на смрт од страна на Понтиј Пилат, со распнување на крст. На широкото плато на некогашната тврдина Антонија, Исус е осуден на смрт, без да бара помилување од омразениот Пилат. Исусовото распетие е запишано во сите четири Евангелија.

Црквата на Светиот гроб – гробот на Христа

Grobot na Isus Hristos 18

2.7.5

Под големата ротонда на црквата Светиот Гроб, направена е мала, посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб. Според Библијата, Јосиф од Ариматеја, кој цел живот го правел својот гроб, му го отстапил на Исус, каде е пренесено телото и на влезот е ставен камен.

На ова место владее совршена хармонија, црквичката е во полутемнина, од надвор не насликана, со сива боја и архитектура со спирални столбови.

2.7.6

Пред влезот во гробот од двете страни стојат големи свеќници, кандила, а сликите на сите апостоли го засенуваат влезот на гробот.

Од левата страна стои свеќата на вечниот оган, на кој се пали сноп од 33 свеќи кои ги симболизираат годините на Исус кога бил распнат и веднаш се гасат во посебно метално ѕвоно. Се чуваат како реликвија и се палат во посебни прилики или се поклонуваат на кумовите и пријателите.

Grobot na Isus Hristos 4

Потоа, влегов во малата просторија, Капела на Ангелот, ја наведнав главата под преубавиот отвор изработен од слонова коска, со височина околу метар и половина, за да влезам во просторијата на Гробот на Христа. На ѕидот се наоѓаше иконата на Богородица, зад која се криеше каменот на вистинскиот гроб.

Grobot na Isus Hristos 1 copy

Иконата на Богородица, зад која се крие каменот на Гробот на Исус Христос

Krstot

Воскресението на Исус Христос е клучен настан, врз кој е изградена главнината на христијанската религија, обичаи и доктрина. Според Новиот Завет, Исус воскреснал од мртвите на третиот ден по смртта. Имено, откако починал како последица на распнувањето на крстот, бил погребан во една пештера. Неговите следбеници треетиот ден по погребот, гробот го нашле празен.

Од смртта до воскресението поминале точно 33 часа. Во евангелието на Матеј се вели дека над Исусовата гробница се појавил ангел. Гробницата прва била посетена од страна на Марија Магдалена, која ја затекнала празна. Според Лука, имало два ангела, а според Марко пак, млад човек бил облечен во бело. Според евангелието на Марко, на денот на своето воскресение Исус најпрвин и се јавил на Марија Магдалена. Според Јован пак, кога Марија Магдалена погледнала во празната гробница, еден од двата ангела ја запрашал зошто плаче, а кога таа се завртела кон нив, го препознала Исус кој го изговорил нејзиното име.

Апостолите тврдат дека Исус во следните четириесет дена се појавувал пред различни луѓе насекаде. Се појавил и пред Апостол Павле, кој претходно бил голем противник на Исусовото дело. Пред да воскресне, Исус им рекол на своите ученици да проповедаат и меѓу нееврејското население.

Христијаните го прославуваат денот на воскресението, односно Велигден, како најголем верски празник.“

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top