На прво место

Рашела Мизрахи: Во очите на народот – Со очите на народот

106025688

106025688

Рашела Мизрахи: Во очите на народот – Со очите на народот

Еве речиси два месеца од комплетирањето на изборите. А во тие два месеца економијата продолжи да тоне, пандемијата се засили, апатијата и летаргијата го продолжија течението, пулсот на народот остана ист.

Додека траеше продолжението на конститутивната седница (онаа чија цел беше утврдувањето на извршната власт над законодавната, организациониот башибозук во Собранието и секако трговијата помеѓу оние кои би тргувале со сѐ) едно остана исто, јасно и гласно – СДС и овојпат има предизборна ,,програма”, која нема допирни точки со постизборната. И како да го живееме ,,До Балчак”, се чини дека вистинската парола за нив е ,,принципот е еден, а тоа е дека нема принцип”.

А јас мислам, како една од народот, дали некој воопшто го гледа собранискиот канал и што се гледа на екраните?

Дали можеби нема потреба од гледање, затоа што кафанските муабети за сите пазарења се побрзи од било кој медиум или служба?

И така размислувам, колку ли ,,Рашели” низ целава држава без разлика на верска и национална припадност имаат грутка во стомакот мислејќи дали 14.500 денари ќе стигнат сега кога изборите завршија? Дали сега повеќе за струја значи помалку за леб?

Ќе се остане ли на работа сега кога сѐ се затвора?

Како да се гради семејство во земја презадолжена во последните три години во која постизборно почнаа да пропаѓаат и банки?

Како да се надмине стравот од искажаното мислење во хибридниот РЕЖИМ, за да не залепат нешто ,,лакташите”? Што ако се разболам од КОВИД-19, само да не ме однесат по тоа распаднатите ходници на клинички, од таму жив не се излегува?

Ме удри на семафор дете во Ауди, си ќутам оти количево е на старо, а детено со таква кола којзнае чие е?

Раскопаниве улици од кампања ќе чекаат друга кампања, за да се завршат. 2020-та е, а водовод и канализација уште нема на само триесетина километри од Скопје. Настава ќе има, мерки ќе се спроведуваат и онаму каде дождот капе и во училниците, ама тоалет нема…

А ние, 120 народни избраници седиме од онаа страна на екранот и треба да ги погледнеме луѓето во очи и сега и по завршувањето на мандатот. За тоа треба да се има и образ и доблест.

И ништо друго не е и важно освен: Народот!!!

Во очите на народот – Со очите на народот!

Само вистинска и искрена борба за народот!

Македонија Вечна!!!

ИЗГРЕЈ, СОНЦЕ!!!

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top