На прво место

Дејан Кирандџиски:Браќа и сестри вмровци имам нешто да ви кажам

35227979

35227979Дејан Кирандџиски

Сабајлево ми дојде полиција дома вознемирувајќи ги мојте најблиски меѓу кои и мојот две годишен син. Кога ги прашав за што станува збор ми кажаа дека во ПС Бутел стигнала пријава од лицето Весна Дамчевска Илиевска поранешна пратеничка од редовите на ВМРО која што деновиве е актуелна како гласноговорник на иницијативата за промена на раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Поранешната пратеничка од Бутел ЛАЖНО ме пријавила дека вчера со погрди зборови, пцовки и закани сум и се обратил а се поврзано со иницијативата за промени во раководството во ВМРО. Покрај Весна Дамчевска Илиевска од мои лични извори дознав дека на полициски структури во ПС Бутел вртел и вршел притисок и поранешниот претседател на ОК Бутел Боби Бојчевски помеѓу членовите познат како тарифа 3 до 5000 евра ( ама за оваа тема спремен сум со докази за идниот период). 

Весна и Боби вчера вечер додека си играв со мојот две годишен син вие имавте срце како класични удбаши да ме обвините дека на некого сум го навредувал и сум се заканувал. Нека проценат луѓето кој го читаат овој мој текст за каков тип на луѓе станува.
Весна и Боби и за вас двајцата сум работел посветено и чесно 24/7 за да ги добиете тие функции кои во минатото ги имавте и за жал максимално ги злоупотребивте.
Имам 36 години и татко сум на 3 деца. Овој срам кој што успеавте да ми го нанесете денеска личи на вас двајцата бидејќи добро ве познавам.
Вие добро знаете дека од својата 15 година сум во структурите на ВМРО – ДПМНЕ ОК Бутел. Своевремено бев и претседател на најголемиот месен изборен штаб Св. Климент Охридски кој ги носи најголемите победи во Бутел. Најкриво од се ми е што се дрзнавте лажно и во удбашки стил да местите член и активист на ВМРО – ДПМНЕ кој што 20 години без исклучок на ниту една кампања максимално посветено работи за ВМРО за таквите како вас да дојдат до одредени позиции кои што носат многу придобивки. За разлика од вас за мојата активност во ВМРО ја останав без работа како родител на три деца.П.с. Ве поздравија квалитетен тим на адвокати кои што ме посоветуваа дека во случајов има несоборливи докази да покренам кривична пријава за лажно пријавување и нанесување на мој и семеен срам.Сакам само уште да ве потсетам на начелото:
Кога предавството е во прашање, само ВМРО е одговор

Дејан Киранџински – Крушка, член на ВМРО – ДПМНЕ од 1997 

11845

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top