На прво место

Проф. д-р ВЕЛО МАРКОВСКИ, добитник на награда за проучување на ковид-19

2velo

2velo

Проф. д-р ВЕЛО МАРКОВСКИ, добитник на награда за проучување на ковид-19 

Р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ 2020“

 1velo

(на фотографијата: Проф. д-р Вело Марковски, со ЕМАРИ директорот, Др Елена Јовева и претседателот, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска)

Во оваа година на офанзива на пандемијата ковид-19 и справувањето со неа, хуманитарната меморијална награда за успех во медицината и здравството „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“, упатуваше на неминовен избор од Факултетот за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, и на професорот инфектолог д-р Вело Марковски. Во толкување на вирусот се јавуваа и други стручни имиња меѓу научните и широките кругови, но проф. Марковски се истакна како најпочитуван и најмасовно баран извор на помалку познати а значајни информации за овој невидлив а сеприсутен непријател. На неговите импресивни и корисни познавања за сложената, агресивна и најмасовна инфективна болест за човековата цивилизација, им се восхитуваа десетици милиони гледачи, читатели и следбеници на социјалните мрежи.

Професорот Марковски значи стручна подршка и информираност – и за здравствените работници и за жртвите на пандемијата, а жртвите најмасовно потекнуваат од народот, се од фамилии кои ги губат саканите, остануваат со оштетено здравје, без вработување, без некогашната поставеност во организиран живот и образование на нивните деца, или во грижата за остарените родители.                

Тој несебично се залага, ја подржува (во real time) надежта меѓу народот дека ќе се најде и лек и вакцина ако се поставуваме информирано, рационално и решително кон болеста како непријател кој напаѓа без фронтови, преку сите граници. Негови колеги професори, негови студенти и други кои го следат по медиумите, отворено изразуваат благодарност за неговата позитивна и концизна поставеност во хаосот на пандемијата. Кралицата Елизабета II, во говор од 5-ти април, и’ се обрати на својата нација во ковид пандемија и кажа „Само-дисциплината, смирената природа и сочувството кон блискиот сеуште ја карактеризираат оваа земја… тие не се дел од нашето минато, туку ја дефинираат и нашата сегашност и нашата иднина“. Тие национални вредности опстојуваат и кај друг дел од човештвото, а се зачувани и во духот и на македонскиот народ.

Со борбата за здравје, за поздрава околина, поздрави човечни односи, поголема верба во похумана иднина, се совпаѓа и мисијата на граѓанското здружение, ЕМАРИ. Неговиот акроним ги следи и спроведува идеите за едукација и емпирија засновани на морални вредности, преку академски и индивидуални надградувања и преку истражувања на историјата, зашто се’ има своја историја. И  пандемијата има историја на болеста како војна, како и историја на војната како болест.

Наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ е мал дел од благодарноста за еден голем чекор на храброст и хуманост на професор д-р Марковски. Тој едуцира, и верува во науката, но и проверува нејзини заблуди и можни грешки. Во време на лажни вести и дезинформации во се’, често спротивставените тврдења за ковид пандемијата низ светот на медицинските и фармаколошките науки, професорот Марковски ги смета за посилен предизвик во истражување на егзактни и јасно убедливи наоди, за мотивација кон сечиј поодговорен и посоодветен однос во следење и справување со оваа брутална болест.

Пожелувам ова признание за проф. д-р Вело Марковски, да пренесе многустрана благодарност од милионите загрижени, моја лична благодарност, а верувам – и благодарност од мојата љубена ќерка Емилија Кукубајска (1979-2006), некогаш една од неуморните, доблесни борци за здравје и љубов кон човештвото. Со Емилија, младата македонско-американска писателка, заедно ја основавме невладината организација ЕМАРИ, во Вашингтон, 2004 година, за да промовираме здравје и здрави односи меѓу луѓето, здрава култура на живеењето и да подржуваме истражувања на лекови против трагичните болести. 

Епилог:

Ако на почетокот од youtub снимката https://www.youtube.com/watch?v=MkDeNRkpYIo  хорот на академската химна Gaudeamus Igitur пееше од пандемски поделени квадрати, на крај пожелувам поделеноста и виртуелноста да не бидат начин на споделување на животот, творештвото, природата и културата на општење, општествено и лично. Не сакам да верувам дека човештвото ќе дозволи да биде завладеано од виртуелен живот во анти-човечна матрица, но видеото е и виртуелно соопштение за признанието кои има и реално значење, духовно и материјално, научно и добротворно.

Доделувањето на наградата се одржа и со физичко присуство, на 1.10. 2020, во 13:00 ч. во црквата св. Богородица, Ново Село Штип, од каде потекнува и револуционерната фамилија Кукубајски, а црквата е поврзана и со родното Папрадиште на проф. Марковски, преку фамилијата Папрадишки кои во 19 век учествувале во градбата и иконописот на црквата.

„Оваа награда изразува и благодарност и почит кон научникот, лекар, професор, родител и син на македонскиот народ, проф. д-р Вело Марковски, за неговите сестрани интернационални истражувања, и за неговата хумана грижа за здравјето и животите на луѓето во време на овој сеуште недоволно познат вирус“, кажа проф. Кукубајска при доделување на наградата.

Марија Емилија Кукубајска

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top