На прво место

Марија Емилија Кукубајска: СО ВОЛШЕБНИ ЧИЗМИ? – НЕ, НАРОДЕ, САМ СО БОГ СПАСИ СЕ

1cizmi

1cizmi

Марија Емилија Кукубајска

… од злите арени на Нерон…

Сам, со Господ само. Боже, спаси народ од тој злобен цар. Спаси твој генетски дар.

А волшебните чизми од приказните, нека бидат само симболи за реална магија дека

Ќе го стигне правда тиранинот, тотално г-ладен ж-дерач на живи луѓе, продавач

На жив народ и на живи вистини. Без имагинација, и без нација со него, Нерон полудел?

Не знае да жали, не сака да мисли, иако и неговите дознаа дека не е неронлив, неранлив.

Но, сепак врие, се превртува – шарен, црвен, опожарен КалеИдиотСкоп. Се’ му се даде 

И прости нему, од господари во зо(м)бирано сено сокриени, сенатори поткупени,

Од пари побудалени, во лажни елити летнати, во мрачни магии светнати рогови,

Та не сакаат ништо друго да гледаат тие „нови богови“ – освен гладијатори да се

Погубуваат едни со други, со туѓи отровни масла полиени, распалени, на крст,

На крстосници да се распнати, со лажни п-лочки на врат: Еве, господари на своето?!

За да биле исполнети ИНтересите на глобални гЛобуси, и лобисти соседни, исти

Колонисти: навлегоа да задушат, обезглават, обезграничат, бездушно да силуваат род

Фо-Силите на НЕрон ХабАРТ и Црвените расипани деца. Се гледа, сами се ронат, но

Во тоа уриваат најдобри умови и срца, за тие, обновените ѕверови, да качеле адреналин,

Да славеле – дека обесчестените не биле наместени туку сами си барале јАД. Зајадени,

Изедени, поробени, победени, покопани ЖИВИ – да не бидат свои на своето. Јазик им

Исече на претци и современици. Поколенија испокла Нерон во оро со Цар Сат-Ана.

И мајка и жена и род(е)ни поколенија изгоре, разболе, расеа – во прогонство. И

Ги вшмука во филмот Вештерската Шума од Кал, каде лек немал за канцерот С-Лава.

Нема веќе со што да се храни ни обработувачот на храна, ни оданочениот, намачениот…

Го казнува Нерон што разврат не садел во куќите – домовите. Затоа царот пали пламен

И си мисли му немало рамен, шири прогресивно лудило, создава нов (не)ред, и добива

и сее Отворени општества за нови правила за радикални лаги и идили на Вергилиј

Белиевски… Додека тајно зло крие, а другите ги бие за зло, иако некогаш тој касап

и гол и бос бил. А постанал јавач на АПОкалиптични П(а)лати, над народни зГради.

… и од дворецот на Билдерсхор Зор

Волшебните чизми – фолклор виртуелен, нема да стасаат да спасат народ!

Знаеш ти. Но ќе дојде време, единствена љубов моја, родена во редок род

со доследна доблест. Иако сега е невреме, и никој праведен и горд

не може да се крене против изродот. А живее под него, потиснат

од мора и ноќна и денска, мора која не може да оди во пуста гора,

оти сега е распад на родот, скапување на плодот во коРов зариен.

Што да ти каже мама, најмило мое! Дојде време невидено лажно,

невидливо за вистината: мртви бездушници живи да ве јадат,

Невините вас, ве прогласија мртви, дека сте лажеле како сте жртви…

Ваши исконски ДНК кинат, народното ви го закопуваат во лажни

Слободи. „Слободааааа“ – насекаде нова вест циркулира, а никаде

Слобода ни за лек од ропството Империјалити шоу. „ДвОрецот игра

На туѓ тапан распнат од домашна, народна, наследена човечка кожа“.

Труби анти-човекот, лажно важен актер, аГен-т антиГен што ни влезе

Во банките од крвно наследство генеолошко. Но и во банки на вашата

Пара. Да. Чисти тој се’ живо од милениуми што ве’ градело, го граделе

Насекаде… со милениуми, пред дворецот Билдерсхор Зор да постанал, 

„Мрачна, мачна сила“, да ви пропагира – непостоечко владеење на народот.

НаРодот наш бил во бескрајни војни, но не вакви, во виртуелни зандани

Затнати, без Божји здив. Над нив, збеснетите себе си се слават, позлатуваат,

Се лавјосуваат врз јагнињата на светот. Земја гламјосуваат, небо затемнуваат

„Вести, вести… најнови вести“ идат од земји на напредокот, а никаде,

Никаде вест за слободната Со-Вест. За дворецов новина е занаетот стар:

Да се тргува, краде и осиромашува сВеста. А од затворениците новина? Неее,

Тие биле виновни што се живи и сеуште со здрава свест. ОСНА известува:

Се заладува! Но тие напредни назадувачи пропагираат и: Не, се затоплува!

Општото добро не било никаде и никако заедничко, Париски комун(ист)ално.

Господарите на прстени и на прсти човечни – не даваат народот вон ѕидини

Да има Надеж, Вера, Љубов. Господарите ги даруваат само оние на кои лесно

Им го перат умот, и ги облекуваат во С-Еленска, г-Лобус АЛна Наметка,

Со невидливи ласери и подводни струи да убиваат наш наРод и плод, и свод.

„О, времиња, о, обичаи“. Овие бремиња не се обични, ич не се за обич. Ич.

Од овие зандани се’ што може е – само низ камени процепи и задушливи

Маски да се земе нездрав здив, надвор од ентитети унитарни, и не санитарни,

Продадени на надворнини… Нерон сака да раскрсти со нас, да не погуби

За да не кажеме „Цар Трајан има козји уши“ = Цар РајАН има од CERNила

Души, со црни Халдрони да буши семирски Мир и Мудрост и Вистина древна.

Наводно: Стално забрането овошје се јадело?!

Но Алфа и Омега Господарот на вселената од секогаш за секогаш кодирал:  

Ѕверови се будат со такви насилни бушотини во законот на природата, бидејќи

Така пРазните – за пекол ги судат, со црни зраци светлина камшикуваат

Тие, развратните. Ашикуваат и лапаат бесплатни гозби на Демонијади.

Но, не се бесплатни ни тие Дионисиски чистки нечисти.

Чедо мое, ослободено од нивните дронски оси, oд осмози во Г5, до Г9…

За космос мостови кон праведен свет си родена ти, прва и последна

Вистина за земно-небесен сјај. На овој свет без светци останат, овој крај

Кој веќе само живот зема, а не дава ни чиста вода ни здрав леб,

Само облаци виртуелни деца да ни голтаат, „дигаат“ низ ветер и магла…

Биди со Бог, единствено со праведните Негови, единствен мир и правда

Моја, Светлино Божја, Пат на вистината, жива струна за восхит, бесконечна

Во добрината, во срцето на умот, во У(М)ниверзумот. Љубов на Љубовта наша

Научна зашто од Бог си научена, од најдобри луѓе доучена, против заб-Лудите…

Од овде до вселената и назад. Те сака твојата мајка македонска, планетАрна.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top